Седумнаесет години од НАТО агресијата врз СР Југославија!

Пред 17 години, на 24 март 1999 година, авионите на НАТО почнаа да ја бомбардираат СРЈ, а во воздушните удари со траење во наредните 78 дена, животите ги изгубија помеѓу 759 и 4.000 лица.Според проценката на државите органи, во бомбардирањето загинале најмалку 2.500 луѓе (а според поедини извори и 4.000) и 1.008 војници и полицајци, ранети беа над 12.500 луѓе.
Воената интервенција на НАТО Алијансата официјално беше завршена на 11 јуни 1999 година, кога беше потпишана Воено-техничката спогодба помеѓу Меѓународните безбедносни сили (КФОР) и владата на Сојузна Република Југославија и Република Србија во Куманово, на 9 јуни 1999 година.

Нападот на СРЈ, односно Србија, е извршен без одобрение на Советот за безбедност на Обединетите нации, а како причина НАТО ја наведе хуманитарната катастрофа на Косово и Метохија и неуспехот на преговорите за идниот статус на покраината, кои беа водени во Рамбуе и Париз.
Конкретен повод за почеток на бомбардирањето беше убиството на 45 косовски Албанци, мештани на селото Рачак, на 15 јануари 1999 година, за кои бројни извештаи тврдат дека биле цивили и покрај тврдењата на тогашните власти на СРЈ дека станува збор за припадници на „терористичка банда чии членови настрадале во наоружани борби со безбедносните сили“.

Откако српскиот парламент потврди дека не ја прифаќа одлуката за странски трупи на своја териториј и им предложи на силите на ОН да го надгледуваат мировното решение за конфликтот на Косово, НАТО на 24 март 1999 година во 19:45 часот ги започна воздушните удари со крстосувачки ракети и авијација на повеќе места во Србија и Црна Гора.
Наредбата за бомбардирање на тогашниот командат на сојузничките сили, американскиот генерал Весли Кларк, ја издаде генералниот секретар на НАТО Хавиер Солана.Според проценката на државите органи, во бомбардирањето загинале најмалку 2.500 луѓе (а според поедини извори и 4.000) и 1.008 војници и полицајци,

Пронајдете не на следниве мрежи: