четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сега ќе не убедуваат дека не се умира од цигари пушење

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Инаку цигарите не биле штетни, антиреклама било. Шуќур, ми олесна. Кога пушев тоа што постојано или ми се лошеше, или глава ме болеше, кашлав или се закашлував, често настинував и ме болеа коските, носот ми беше затнат, гласот зарипнат, не можев да стрчнам две секунди или 10 скалила да искачам без да се задишам, што плукав шлајмови на сабајле ко грипосана да ми простите, што после секоја цигара миев заби или ќе полудев од “бед афтертејст”, што имав тахикардии постојано, што немав волја за движење ниту пак нешто друго ме интересираше од тоа да седам и да пушам, што честопати во денот имав чувство на одвратност од себеси…да не зборам за радиоактивноста во телото после секоја испушена цигара.
Ќе го побарам некаде истражувањето…А сега ништо од тоа. Ама не ми беше од цигарите, не биле штетни. Може од времето ми било.
 

Само не знам како сега без цигари до врв Водно се искачувам за помалку од саат, без да одморам. На пример. Не, какви штетни.
Извор: Facebook
 
Кога пушев тоа што постојано или ми се лошеше, или глава ме болеше, кашлав или се закашлував, често настинував и ме болеа коските, носот ми беше за

Поврзани вести