Сеизмолозите смируваат: Ноќта помина без потреси

Уште една неизвесна, но мирна ноќ е зад скопјани.Во текот на ноќта и утринава не се регистрирани потреси, кои би ја вознемириле јавноста.
Сепак, стотици граѓани одлучија ноќта да ја минат под отворено небо, стравувајќи од  нови земјотреси.
Последниот посилен потрес, кој ги вознемири граѓаните беше синоќешниот, кој се случи нешто пред 20 часот и беше со интензитет од четири рихтерови степени и со епицентар на пет километри од Радишани.
Тоа беше втор по јачина земјотрес по неделниот, кој беше со јачина од 5,3 рихтерови степени, а по кој имаше серија од десетина земјотреси.
Сеизмолозите велат дека станува збор за афтершокови и оти никој не може да предвиди дали ќе има уште земјотреси и кога.
До вчера почувствувани 16 земјотреси
Од неделата до вчера во земјава се почувствувани 16 земјотреси, според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.
Првиот од низата беше регистриран во неделата во 7 часот со јачина од 4,4 степени според Рихтер. Најсилниот пак е регистриран истиот ден во 15.10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.
Вчера вечер во Скопје и околината беа почувствувани два последователни земјотреса во 19.53 часот – првиот со магнитуда од 2,4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското подрачје.
Претходно во текот на денот, два потреси беа регистрирани во 11.50 и 14.19 часот со магнутуиди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Сите потреси се во скопското епицентрално подрачје.
Гаревски: Во скопското подрачје не се можни магнитуди поголеми од 6-7 степени
„Нема причина за паника од аспект на тоа дека сите овие земјотреси што се случуваа не се вбројуваат во силни земјотреси, така што не постои никаква шанса да бидат оштетени конструкциите на зградите од овие земјотреси“, изјави за ТВ Нова Михаил Гаревски, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Последните два земјотреси се афтершокови
Двата последователни земјотреси кои се почуствуваа вечерва се афтершокови, односно последица на вчерашниот земјотрес од 5,3 степени по Рихтер, смета Драгана Черних, сеизмолог во Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
-Никој сеизмолог, ниту сеизмолошка станица нема информации кога ќе се случи земјотрес, истакна Черних за ТВ Нова и додаде дека искуството покажува дека во скопскиот регион земјотреси со магнитуда 4 се случуваат на десетина години, оние со магнитуда 5 на 100 години, додека пак тие со магнитуда шест на 500 години.
Во 1921 година имаше земјотрес со магнитуда од околу 4,8, потоа следеше силниот земјотрес во 1963, па вчерашниот земјотрес кој го стресе скопскиот регион.Во текот на ноќта и утринава не се регистрирани потреси, кои би ја вознемириле јавноста.
Сепак, стотици граѓани одлучија ноќта да ја минат

Пронајдете не на следниве мрежи: