Сеќавање на жртвите од Сребреница

Поголем дел од земјите од регионот, но и земји од Европската унија денес го одбележуваат Денот на сеќавање на жртвите во Сребреница од 1995 година.
Со усвојување на декларацијата во парламентите, Македонија, Хрватска и Црна Гора, ја усвоија и препораката на ЕП 11-ти јули да се прогласи за Ден на сеќавање на жртвите на Сребреница.
Парламентот на Србија, ја има усвоено Декларацијата за осуда на злосторството во Сребреница, но не се изјасни за препораката на Европскиот Парламент, 11-ти јули да го прогласи за Ден на сеќавање.
Во Босна и Херцеговина предлогот за прогласување на Ден на сеќавање на жртвите од Сребреница, не поминал во Парламентот, па така годишнината од геноцидот се одбележува само во Федерацијата БИХ.
Во јули 1995 година, војската на Република Српска, под команда на генералот Ратко Младиќ навлегла во Сребреница, тогаш муслиманска енклава под заштита на Обединетите нации, и во рок од неколку дена убиле околу осум илјади Бошњаци.
Меѓународниот суд на правдата во Хаг во февруари 2007 година пресуди дека во Сребреница во јули 1995 година е направен геноцид.
Според пресудата, тогашна СРЈ не е одговорна за геноцидот во Сребренница, но е одговорна што не направила ништо за да го спречи, ниту ги казнила извршителите.
Во Меморијалниот центар кај Сребреница денеска ќе бидат погребани посмртните останки на уште 409 идентификувани жртви убиени во 1995 година. Досега во Меморијалниот центар се закопани и идентификувани над 5.600 жртви на злосторството во кое се проценува дека вкупно биле убиени повеќе од 8300 луѓе, момчиња и мажи од муслиманска вероисповед.
До 2-ри јули 2012 со помош на ДНК анализи идентификувани се 6838 жртви од останките пронајдени во масовните гробници.Поголем дел од земјите од регионот, но и земји од Европската унија денес го одбележуваат Денот на сеќавање на жртвите

Пронајдете не на следниве мрежи: