Шеќеринска била спонзорот на 100.000 евра за поткуп на заштитениот сведок?

„Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“. „Спаси ја сопствената кожа“, „Не штеди никого“, „Ќе бидеш казнет со поблага казна ако соработуваш“. Ова се дел од заканите кои му биле упатувани на вработен во МВР од страна на лица од тимот на СЈО Катица Јаневa.Според пријавата, обвинителите од тимот на Катица Јанева го терале ова лице под силна закана да даде лажен исказ, односно изјава која не е негова. Му се заканувале и го малтретирале за време на испрашувањето без адвокат, велат нашите информации.
Но прашањето кој би имал интерес од лажни, изнудени искази на заштитени сведоци?
Имено, дел од шпекулациите од лица инволвирани во истрагата упатуваат дека полицаецот кој се заканувал, уценувал и се обидел да го поткупи сведокот за да добие лажен исказ со цел да се дискредитира Гордана Јанкуловска, кажал дека спонзор за лажниот исказ кој требало да биде исплатен со 100.000 евра е потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.
Зошто Шеќеринска е толку заинтересирана за обезбедување на лажно сведочење против Гордана Јанкуловска не е разјаснето, или пак можеби затоа што Шеќериснка има најголем имот и највеќе пари благодарение на Бобо Дајнерс, па и било наложено од Заев да пушти неке евро кај Катица Јанева?Новата “жртва“ на тимот на Јанева поминал низ вистински терор. Обвинителите на специјалната јавна обвинителка кои разговарале со него барале да им посочи со кого соработувал и притоа му вршеле силен притисок и го заплашувале.
Извор: ИнфомаксСпоред пријавата, обвинителите од тимот на Катица Јанева го терале ова лице под силна закана да даде лажен исказ, односно изјава која не е негова.

Пронајдете не на следниве мрежи: