Педесетгодишниот Џорџ Прајор е последниот во низата на „истражувачи“ кои одлучиле да проверат како постојаното конзумирање на нездрава храна влијае на нивниот организам. Еве кои се резултатите од неговиот експеримент…Пред десет години Морган Спурлок одлучил да провери што ќе се случи доколку јаде само од Мекдоналдс.
Овој триесетгодишен човек внесувал околу 5.000 калории дневно и до крајот на експериментот се здебелил скоро за 11 килограми. Индексот на неговата телесна маса пораснал за 13 посто а забележал и значителна промена на расположението, сексуална дисфункција… Му биле потребни 14 месеци да се врати во нормала.
Сега 10 години подоцна, педесетгодишниот Џорџ Прајор од Лос Анџелес се одлучил на една слична задача. Тој во текот на месец дена пиел по 10 лименки дневно, за да види како тој засладен напиток ќе влијае на неговото здравје.
До тогаш здравиот човек, кој исто се занимавал и со спорт успеал да се здебели повеќе од 12 килограми а крвниот притисок му бил покачен 145/96. Забележал и дека со текот на времето организамот му барал повеќе шеќер и покрај тоа што само со внесување на овој напиток тој внесувал 350 гр шеќер дневно.
Прајор кој промените во својот експеримент ги забележал со видео записи секој ден кажува дека оваа авантура била за поттикнување на свеста на луѓето за тоа колку шеќер внесуваме дневно и колку тоа лошо влијае на нас.
„Луѓето мораат да бидат свесни за тоа колку шеќерот влијае на нашето здравје“, кажува тој. „Никогаш повторно не би направил вакво нешто. Не сакам да бидам толку нездрав“.
И ОВА ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Собирал лименки цел живот, никој незнаел зошто се додека не умрел!Пред десет години Морган Спурлок одлучил да провери што ќе се случи доколку јаде само од Мекдоналдс.
Овој триесетгодишен човек внесувал око



