Секс во вселената?!

Секс во вселената! Жешка фантазија или научна фантастика? Оваа дилема ја совлада познатата порно актерка Коко Браун (34), позната како “Хани Лав“. Таа ќе биде првата порно актерка која ќе отпатува во вселената, а за тоа задоволство ќе треба да и плати холандската компанија „SpaceXC“ 100 илјади долари. Браун живее во Германија и вели дека е подготвена да оди таму каде што до сега ниедна порно актерка не била. Потфатот ќе биде изведен преку холандската компанијата „SpaceXC“.
“Треба да поминам тренинг за нулта гравитација. Можеби ќе се разголам и ќе се фотографирам со Земјата во позадина“, вели актерката.
Дури и да посака, таа нема да биде првата која ќе проба секс во безтежинска гравитација. Уште во 1999-тата година Силвија Сент и Ник Ланг снимиле ваков егзотичен секс во времетраење од 20 секунди за потребите на филмот „The Uranus experiment part two“. Сцената е снимена во авион на висина од 3.350 метри.
Колку и да звучи егзотично, астрофизичарите кои посветиле доволно време на истражување на оваа тема велат дека сексот во бестежинска состојба воопшто не е таков каков што се замислува, затоа што луѓето ќе се соочат со незгодни пречки од физички, психички и “кореографски“ карактер.
Новелистката Вана Бонта која со својот сопруг експериментирала секс ситуациии во симулаирана нулта гравитација сведочи дека било пеколно тешко да се реализира и еден обичен бакнеж.
“Тоа е вистинска битка да се се конектираш и да останеш конектиран” вели Бонта предвидувајќи дека во таква ситуација мора да бидат врзани и меѓусебе и заедно за ѕид или под. Таа дури дизајнирала и специјални костуми за секс во бестежинска состојба.
Сексот во вселената е особено интересен за оние кои планираат да заработат од него. Еден од таквите е мултимилијардерот Роберт Бигелоу, сопственик на една комерцијална вселенска програма која планира да подигне “хотел” во вселeната. Тој предвидува дека сексот ќе биде еден од најчестите мотиви за патување на неговите богати клиенти.
Доколку темата ви звучи интересна, во продолжение погледнете го видеото во кое експлицитно се разработени сите дилеми во врска со сексот во вселената.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Секс во вселената! Жешка фантазија или научна фантастика? Оваа дилема ја совлада познатата порно актерка Коко Браун (34), позната како “Хани

Пронајдете не на следниве мрежи: