СЕКТИТЕ СЕ МЕЃУ НАС: Ја пијат сопствената крв, прават оргии и бираат кој ќе умре следен!

Последниот случај со студентката која изврши самоубиство со фрлање од зградата на Филолошкиот факултет во Белград, повторно го отвораи прашањето дали сектите се меѓу нас, бидејќи нејзините колеги сведочат дека Ј.Р. имала некаква врска со злогласната секта “Црна Ружа”.Ние ви претставуваме како функционира „Црна Ружа” и некои други секти во регионот:
-Таа зборуваше за неправди и ја вознемируваше тоа што некои работи не може да ги среди. Се однесуваше чудно. Спомнуваше секти. Но, за жал , никој не ја сфати сериозно – вели една од колегите на жртвата студентка, а соседите за девојката имаа само пофални зборови.
Во нејзината рака бил пронајден црн конец,а нејзините колеги, веруваат дека таа била член на “Црна Ружа ” поради сето тоа што им го зборувала само неколку дена пред нејзината смрт. Членовите на „Црна Ружа” животот си го одземаат по принципот на “фрлање коцка” , а познати се и по тоа дека во неа членуваат само високо интелигентни деца. Често, пијат човечка и животинска крв. Кога “коцката” ќе избере еден член кој мора самиот да си го одземе животот, сектата му испраќа писмо на кое е нацртано црна роза и испишан датумот на кој треба да се изврши самоубиството.
“Црна ружа” е само една од најпознатите деструктивни и опасни сатански секти кои се активни во Србија.
Од каде сатанисти во регионот?
Антон Шандор Лавеј, американец со унгарско потекло, е основач на “Сатанска црква” која ги постави телелите на модерниот сатанизам.
За време на неговата европска мисија основачот на “Сатанската црква, ” Сандор Лавеј , дури во средината на осумдесеттите години, основал во Сегед гранка на неговата организација, наречена “Sotona”. Мисијата се проширила во тогашна Југославија, каде што настанале неколку гранки речиси идентични на “Сатанската црква.”
Една од нив, “Црна Ружа”, можеби е најбројна , бидејќи според неофицијалните податоци од Војводина и Белград тие имаат две-три илјади следбеници, распоредени во повеќе од педесет групи. Од “Црна Ружа” настанале и „Лоша Вера”, “Огнот на пеколот ” , “Црна скорпија”, ” Следбеници на сатаната ” и “Браќа на сатаната. ”
Ниту за една од овие секти , не знаеме да кажеме дека за жал, не оставиле трага на криминал зад себе. Кога станува збор за приврзаниците на “Црна Ружа” ретко се случува, редовно да вршат ритуал црна миса , молитви на сатаната или да читаат делови од ” Сатанска Библија.”
Најчесто тоа се забави на гробишта, со земање на дрога или алкохол, со раскопувње на свежи гробови, расфрлање на венеците, кршење на крстовите и цртање пентаграми на надгробните споменици.
На “Црна Ружа” и припаѓал и војникот Нандор Киш од Суботица , кој во јуни 1993 година.во Шабац, во касарната ” Мика Митровиќ,” убил двајца војници, неколку повредил , а потоа се самоубил.
Неколку дена претходно Јозеф Менеде, член на “Лоша вера” сатанистичка секта која потекнува од “Црна Ружа”, војник во касарната “Јужноморавска бригада” убил шест војници и еден знаменосец.
Девојките кои припаѓаат на “Црна Ружа” имаат специјално име и се нарекуваат “Црна скорпија”. Така се разбуди и југословенската јавност. Така го добиле е ” Народниот храм” и Редот на Сончевиот храм.
Покрај случите на двајцата војници кои заедно со нив во смрт зеле и некои невини луѓе, сигурно постојат уште многу случаи со слични резултати, но некои од нив никогаш не биле истражени во целост.

 

Небесна војна, кој е сатаната и како настана новто сатанско движење??
Според библиските учења, Сатаната е паднатиот ангел Деница . Тој се смета за лидер на паднатите ангели кои сакале да станат како Бог. Според ова учење,него со својата војска му се спротиставил Михаил ( еврејско значење на името : Кој е како Бог? ).
Епилог на небесната војна било дека Деница заедно со другите ангели кои му се противеле на Бога ја загубил битката и станал демон. Сатаната има неколку имиња, а најзастапено е името ѓавол.
За присуството на ѓаволот и Библијата сведочи на неколку места , како што е змијата во Едемската градина, Исус Христос сведочи дека бил искушуван од ѓаволот, итн … Исто така , за време на крштевањето, свештеникот во еден дел од молитвата вели: “Дали се откажувате од сатаната и сите негови дела и сите служења за него … ”
За да се крсти, еден човек мора се да одговри потврдно, а во случај да се работи за мало дете , кумот потврдува и сведочи за тоа.
Историјата на религијата сведочи дека и во минатото постоеле луѓе кои се поклонувале и му служеле на Сатаната , а корените на учење на сатанистите на модерната ера, може да се најдат во учењата на некои ранохристијански секти, првенствено Гностички.
Аналитичарите истакнаа дека имало вистинска потрага по бебиња за црната миса. За татко на модерниот сатанизам, се смета Alister Krouli.
Карактеристиките на сатанизмот како модерно движење, современите теолози ги објаснуваат во неколку точки:
1. Сатанските доктрини, се претставуваат денес отворено, и тоз како доктрина за ослободувањето на човекот од верските норми, дисциплини и ограничувања. Никој на сатанизамот не му пристапил без желба да си помогне самиот на себе на тој начин . Сатаната, како што велат, е, всушност, “вистинска божественост”, синоним за животна енергија, импулси и желби, и затоа, луѓето треба д без чувство на вина да ги прифатиат телесните и материјални тедобра.
2. Се подразбира , исто така, дека следбениците,поради поубавиот живот после смртта , треба да веруваат во Сатаната како паднат ангел, господар на темнината, владетел на подземниот свет.
3. Сатанизамот себеси се претставува како наднаучно и надрелигиско кое Црквата ( исто така која било друфга религија ) со векови љубоморно го криела од луѓето.
4. На теренот на христијанскиот народ,сатанистите го отфрлат Исус Христос како месија, и му служат на Сатаната , очекувајќи од него награда и удобен живот после смртта. Услов за наградата се богобноста и смртта. За “ослободители на луѓето од Црквата ” сатанистите се сметаат како еден вид на револуционери.
5. Окултизам и магија се неизбежни елементи на сатанските ритуали.

 

Симболи на сатанизам и правење ритуали со крв и оргии
Основата на сатанските симболи лежи во осквернавенија на христијанските. Затоа, најчесто се користи превртен крст, како и крст во крв на чии краковисе наоѓаат три шестки . Исто така, се практиква тетоважа на крстот на табанот на ногата, што значи дека носителот на таковиот знак сака да покаже дека гази на се што е христијанинско.
Пентаграм и хексаграм се исто така многу застапени и нема ритуал кој е комплетен без нив. Хексаграмот се состои од две вкрстени ѕвезди и додека горниот дел од кракот го претставува Бог во кого Христијаните веруваа , долниот крак го претставува сатаната, на кој му се поклонуваат членовите на оваа секта.
Она што веројатно на сите ви е познато е знакот ” 666 ” кои го користат сатанистите. Овој број се користи бидејќи во Откровението на Јован овој број е спомнат како знак на антихристот.
Самите церемонии се прават на темни места како што се подрумите и таваните.
Потоа, ако постојат услови , следуваат оргиите. Особено е значајно да се има сексуален однос со практикантка која е невина.. Причината за ова лежи во зборовите на познатиот сатанист Шандор Лавеј: “. Енергијата ослободена со сексуална активност е од суштинско значење за сите аспекти на магијската активност”
Иницијациите се одржуваат во посебни простории, со многу сатански симболи, во специјална облека, со многу магија и зборови, драматични заповеди. Собите се во полутемнина, кандидатот е врзан , и така натаму.
За време на црните миси се практикува да се јаде црн леб, кој е направен од брашно и крв, а постојат и моменти кога наместо животинска се користи човечка крв.
Сатанистите во светот
Бројот на Сатански секти во светот е огромен но по правило, имаат краток век , бидејќи самоубиства во таквите опкружувања се сосема нормални, па дури и пожелни , и тоа често се покажало дека следбениците на сектата извршуваат колективно самоубиство.
Во 20 век најчеста била сатанска црква на Лавеј Ентони Сандор, кој ги вгради темелите на современиот сатанизам и напишал неколку книги.
Првиот криминал кој ја предизвика светската јавност , е четирикратното убиство кое го изврши Чарлс Менсон. Ова кривично дело се случи на 08.08.1969 година, во едно предградие на Лос Анџелес, во домот на Роман Полански. Таму имало повеќе од петнаесет присутни, а истрагата покажа дека тие биле сите поддржувачи на спиритизмот, црната магија и сатанизмот , и тоа токму членови на “сатанска црква” на Лавеј.
Времето поминало во забава, со музика, алкохол и дрога. Во зори еден член на “сатанската црква” се обидел да флертува со жена која била бремена. Прво, имало мал инцидент , а потоа настапил Чарлс Менсон , при што ја убил оваа жена која била бремена, сопругата на Роман Полански, Шерон Тејт , и уште две други лица.
“Рајска порта“, “Давидова Лоза “,” Храмот на народот “,” Бело братство “… овие се само некои од имињата на сатанските секти кои постоеле, а потоа нивните следбеници трагично завршиле.
 Ние ви претставуваме како функционира „Црна Ружа” и некои други секти во регионот:
-Таа зборуваше за неправди и ја вознемируваше тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: