Семејна расправија во Србија заврши крваво. Лекарите од болницата во Крагујевац се борат за животот на 45-годишниот Верољуб С. кој во саботата бил изрешетан со три куршуми од пиштол од страна на сопствениот брат.Според податоците на српскиот Курир, 61-годишниот Радојко С. со години не разговарал со својот брат, а ситуацијата кулминирала пред два дена кога браќата се сретнале на гробот на своите родители. Насилникот не бил на погребота на својата мајка и татко во 2008 година, а Верољуб самиот го направил погребот и ги платил сите трошоци. Тој тогаш му порачал на својот брат да не доаѓа на гробот на родителите за кои не мрднал со малиот прст, но завчера се сретнале, па затоа и започнале расправија.
Според податоците на српските медиуми, Верољуб се опоравува од хоророт кој го преживеал, кој се случил поради кавга околу семејното наследство. Тој го обвинувал брата си дека не се грижел за своите родители, дека не дошол ни на погребот, па затоа и нема право да бара дел за себе. Радојко толку се разбеснил што отишол до својата куќа, земал пиштол, се вратил, го изрешетал брата си и го оставил да лежи беспомошно на гробот на родителите, а потоа сам се предал на полицијата.Според податоците на српскиот Курир, 61-годишниот Радојко С. со години не разговарал со својот брат, а ситуацијата кулминирала пред два дена кога б