четврток, 12 ноември 2026
Најново

Семејства кои не можат да имаат деца ќе чекаат со години, Боки 13 ќе посвојува преку ред бидејќи е пријател со Заев

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доброситуирани фамилии со двајца родители кои имаат биолошки проблем да имаат поколение чекаат за посвојување по неколку години, а Боки 13 ќе оди преку ред бидејќи е пријател со Министерката за труд и социјала Мила Царовска, Зоран Заев и Оливер Спасовски.Ова е отприлика планот на ЛГБТ активистот и самопрогласен хуманитарец Бојан Јовановски алијас Боки 13 соопштен во саботата на настанот организиран од неговата невладина организација наречена Меѓународен сојуз.
Тој во таа прилика најави дека вчера (понеделник, 10.07.2017) ќе поднесе барање во МТСП до неговата пријателка Мила Царовска за да посвои три деца – од христијанска, од муслиманска вероисповест и едно со посебни потреби.
Јавноста жестоко реагираше на најавите на Боки 13, нарекувајќи го овој негов исказ како „распишан тендер“ за посвојување деца. Според некои, Боки 13 кој нема поим што значи да одгледуваш дете и обврските кои тоа ги носи, со ова сака да направи само уште еден пи-ар потег во насока на неговото „ребрендирање“ од лоша кафанска пејачка и самонаречен шоумен кој се резилел во секоја можна прилика – во човек кој се занимава со хуманитарни акции, ослабен, со нова фризура и добри намери.
 
Ова е отприлика планот на ЛГБТ активистот и самопрогласен хуманитарец Бојан Јовановски алијас Боки 13 соопштен во саботата на настанот организиран

Поврзани вести