Француската Асоцијација Бургундија Балкан Експрес во партнерство со Youth Education committee Serbia, поддржани од: Париcкиот институт за политички науки Sciences Po, градот Дижон, амбасадата на Франција во Република Македонија и European Fund for the Balkans, го организира cеминарот со наслов: “Младите лидери, подготвени да се соочат со балканските и европските предизвици”(Young leaders rising up to the challenges of the Western Balkan and the EU), во текот на кој, селектирани балкански, француски и европски студенти, ќе имаат можност да ги изразат своите визии за европскиот проект, да дебатираат за политиката на проширување и да дадат конкретни идеи за надминување на пречките кои им стојат на патот на земјите од Западен Балкан во процесот на Евро-интеграцијата.Станува збор за собир на млади студенти кои доаѓаат од Балканот и од најразлични краеви на Европа, но исто така и европски и балкански политички лидери, еминентни експерти за регионот, истражувачи и професори.
Време и место:
4ти и 5ти април – Хотел Континентал, Скопје
Програмата во Скопје е посветена на младите како двигатели на прогресот и на нивното оформување во “лидери на утрешнината”.
Специјален гостин: Mr. Jorge Diener, leadership trainer
7ми и 8ми април – Хотел Белведере, Охрид
Програмата во Охрид е посветена на запознавање на европската јавност со проблематиките на еден политички многу комплексен регион, како и на дебатирање за истите прашања низ европска призма, со цел да се придонесе во зближувањето на засегнатите земји од Западен Балкан со Унијата.
Специјалисти предавачи:
Mr. Pierre Mirel, Honorary Director General for Enlargement
Mme. Gaelle Pério Valéro, researcher at IRIS, expert for the Western Balkans
Ms. Marina Rakic, Journalist, Independent Journalist Association of Serbia
Mr. Krenar Gashi, Researcher at KIPRED
Mr. Nikola Poposki, MFA, MacedoniaСтанува збор за собир на млади студенти кои доаѓаат од Балканот и од најразлични краеви на Европа, но исто така и европски и балкански политички ли