Ложата се наоѓа во куќата „Сириус“. Проектантот на зградата бил архитектот Џовани Рубиниќ, ријечки масон.Кога некои хрватски медиуми ја објавиле приказната за ложата на бискупот Максимилијан В. која се наоѓала во близина на загребската Катедрала од која останале само неколку трагови од избледени фрески, на новинарите им се јавил некој човек од Ријека.
„Интересно ви е на вас во Загреб…“- рекол тој, и потоа веднаш додал: „А што би рекле доколку ви откријам дека во Ријека постои потполно автентична масонска ложа, сочувана, како во времето на нејзината градба во 1911 година и за која никој незнае бидејќи со сплетот на околностите останала недостапна на јавноста?“
Ложата се наоѓа во куќата „Сириус“. Проектантот на зградата бил архитектот Џовани Рубиниќ, риечки масон ( роден во Ловран 1876 година). Името на куќата „Сириус“ е поврзано со „слободните ѕидари“. Во некои членови се спомнува дека таа стамбена зграда во својата утроба имала масонска ложа, но дека повеќе таа не постои.
„Ложата сеуште постои“! Таа е иста како и порано!- рекол човекот од Ријека.
Влезот на зградата e украсен со два столбови. Во приземјето, десно има скали кои водат во подрумот. На подот на ходникот се наоѓа голема ѕвезда во камен, со пет кракови, а зборот „Сириус“ е напишан во кругот.
„Малку подоле има уште една ѕвезда, која била кај стариот влез во масонското седиште, но некои делови веќе и се уништени.“- кажува тој.
Зад првата ѕвезда постојат други извртени скали кои водат подлабоко во зградата.
Два спрата под земјата се наоѓа мал свечен двор со висина на ѕидови околу пет, шест метри…
На позицијата на храмот источно во ѕидот има четири полустолбови во окер боја, а над нив има четири венци. Слични столбови стојат и на влезот во самата зграда и го претставуваат влезот во Соломоновиот храм., кој е изработен според неговиот претпоставен изглед. Тоа се темели на верувањето дека Хирам, архитектот на Соломоновиот храм, подигнал два столба.
На десниот му го дал името „Јакин“, а на левиот „Боаз“. Се смета дека зад тие имиња се кријат темели на сила и убавина.
Во скриената ложа се останало исто: Ѕидовите, вратата, распоредот на просториите и ѕидните украси. Го нема само оригиналниот мебел. Фасцинантно е тоа што во длабочината на зградата има еден „кромид“.
Најчудното е тоа што зградата се наоѓа точно во центарот на градот, а се слуша само глува тишина.“
Што точно се знае за слободните ѕидари кои овде се состанувале?
Од литературата е познато дека риечката ложа „Сириус“ е основана во 1901 година во куќата „Вајтхед“ каде на почекот била храм. Ложата ja основалe десет Евреи, три протестанти и три католици.
Еден од важните основачи бил риечкиот лекар и социјалист Др. Самјуел Мајландер, а за прв старешина е избран банкарскиот чиновник Артуро Стеинецкер, чија импресивна вила била во дотогашниот елитен кварт Белведер- а сега е „Дом на млади“- кажува Рубиниќ.
А, за да дознаете како се станува масон, можете да прочитате ТУКАКога некои хрватски медиуми ја објавиле приказната за ложата на бискупот Максимилијан В. која се наоѓала во близина на загребската Катедрала од кој