Серена Вилијамс го освои Монтреал, во финалето ја совлада романката Кирстеа

Американката Серена Вилијамс го освои „Роџерс купот“ во женска конкуренција совладувајќи ја во финалето романката Сорана Кирстеа.Вилијамс славеше во финалето против Кирстеа победувајќи ја романката во два сета со убедливи резултати.
Првиот сет американката го доби со резултат 6-2, додека пак во вториот сет во целосна доминација, недозволувајќи ниту еден освоен гем за романката, мошне убедливо со 6-0, па така го освои осмиот ВТА трофеј оваа сезона, а трет на „Роџерс Купот“.
За „Роџерс купот“ беше предвиден награден фонд во вредност од околу 2,3 милиони долари, за победничката беа предвидени точно 426.000 долари.
Американката стигна до 54-тиот трофеј во својата кариера и се најде на петтото место на листата на најтрофејни тенисерки во светот.Вилијамс славеше во финалето против Кирстеа победувајќи ја романката во два сета со убедливи резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи: