Шест божиќни дестинации кои не смеете да ги пропуштите

Во потрага сте за патување кое директно ќе ве одведе до вистинската божиќна бајка? Одлично, бидејќи ние ќе ви претсавиме шест места кои вредат да се посетат за време на божиќните празници.Зимскиот период во овие градови е навистина посебно време од годината, бидејќи градовите кои ќе ги погледнете буквално се претварaат во Земјата на чудата, а вам ви останува само да ја одберете дестинацијата која најмногу ќе ви се допадне. 
1. Бамберг, Германија

Бамберг постои од 1007 година и изградени се многу дворци и цркви кои вредат да се посетат. Овој град може да се пофали и со развиеното производство на пиво. Секоја година е центар за божиќните прослави.
2. Колмар, Франција

Колмар е сместен во срцето на покраината Aлзас, а познат е по регионалното вино. Стариот дел од градот е препознатлив по улиците со големи камења и средновековна ренесансна архитектура.
3. Халштат, Австрија

Покрај брегот на австриското езеро Халштат се наоѓа и истоимениот град кој е еден од најстарите градови во Европа. Оваа дестинација изледа прекрасно во секој период од годината, но за време на зима изгледа уште повеќе убаво кога сите објекти се покриени со снежна покривка.
4. Квебек, Канада

Доколку имате шанса да отпатувате преку океани и да ја посетите Канада, Квебек е градот кој морате да го посетите. Во центарот на градот се наоѓа хотелот Fairmont Le Château Frontenac кој изгледа како дворец и поради тоа центарот е многу впечатлив.
5. Штајн ам Рајн, Швајцарија

Во ова шармантно градче, градскиот плоштад Ратхасуплац е и повеќе од магичен, бидејќи фасадите на куќите се украсени со фрески кои датираат од 1500-те години. Не заборавајте да го пробате и швајцарското фонду.
6. Ротенбург, Германија

Овој град претставува совршена сценографија за бајките на браќата Грим со своите средновековни улици. Неговиот изглед е толку впечатлив што два филмови од Хари Потер се снимани токму таму.Зимскиот период во овие градови е навистина посебно време од годината, бидејќи градовите кои ќе ги погледнете буквално се претварaат во Земјата на

Пронајдете не на следниве мрежи: