Шест работи со кои се уништува врската: Дали се пронаоѓате?

Некои луѓе сакаат да бидат сами, но сепак човечката природа покажува дека повеќето луѓе сакаат да бидат во врска. Но, не е толку лесно да се одржуваат врските, а посебно заради тоа што постојат повеќе фактори што можат да влијаат врз нив.Околу 40% од првите бракови пропаѓаат, а потоа следниот брак има големи шанси да не успее. Ова се најчестите проблеми што ги уништуваат врските:
-Нерешавање на проблемите: Често постои прикриен проблем што не се решил, како на пример зависноста од коцка на едниот партнер, или нерешителноста. Со тек на време, нерешените проблеми растат и влијаат на секојдневниот живот.
-Недоверба и љубомора: Довербата се губи на многу начини, но сомнежите и недовербата е најтешко да се совладаат. Недовербата ја разорува целата врска. Постојат случаи кога воопшто не ни имало љубовни афери, но постоеле обвинувања. Недовербата без докази ги уништила врските.
-Тешкотија во комуникацијата: Многу парови се обвинуваат меѓусебно дека им се чини како да говорат различни јазици. Со тек на време, ќе почнете да се чувствувате изолирано и може да побарате емоционална блискост на друго место.
-Нерамнотежа: Честа е кај младите парови и оние кои ќе добијат деца, или пак живеат со родителите. Таа се јавува кога едниот или двајцата партнери погрешно мислат дека врската не им е приоритет, и им даваат непотребна важност на другите луѓе или ситуации.
-Некомпатибилност: Спротивностите се привлекуваат, но екстремно тешко е да се одржува врската меѓу некомпатибилни лица. Компромисите се критични во врската, но ако сте радикално различни, само најупорните и најспособните успеваат да ги совладаат огромните разлики.
-Насилничко однесување: Насилството никогаш не смее да се толерира, но сепак се јавува. Неспособноста и немањето желба да се почитуваат мислите, убедувањата и чувствата на партнерот можат да ги уништат довербата и интимноста на било која врска.Околу 40% од првите бракови пропаѓаат, а потоа следниот брак има големи шанси да не успее. Ова се најчестите проблеми што ги уништуваат врските:

Пронајдете не на следниве мрежи: