Шест состојки од кои проверено ќе бидете убави!

Избришете ги брчките, темните подочници и акните – се` тоа без скапи козметички препарати. Совети од Елизабет Танзи од Институтот за ласерска хирургија.Хијалурон
Хијалуронската киселина се наоѓа во структурата на човечката кожа, но со текот на времето се намалува. Затоа кожата станува сува, се појавуваат брчки и старее. -Хидратантните креми кои содржат хијалуронска киселина ја навлажнуваат кожата, ги пополнуваат брчките и може да ги користат жени со сите типови на кожа – советува Елизабет тие да се нанесуваат наутро и пред спиење. Алфа Хидроксална киселина (АХА)
Овие мони ексфолиатори ја чистат кожата од изумрени клетки и оштетување во текот на годините. Една студија покажала дека корисниците на лосион во кој има 25 посто цитрусна киселина или било која АХА киселина имаат за четвртина повеќе шанси за негуван и еластичен тен.

Пептиди
Пептидите ја „лажат“ кожата и под нивно влијание таа произведува повеќе колаген.Најдобро е кремите или серумите со пептиди да ги користите навечер СПФ
Дерматолозите долго време веруваа дека СПФ кремите создаваат брчки, акни и тен без сјај. Сепак, најновитеистражувања покажале дека кремите со заштитен фактор го забавуваат стареењето. Антиоксиданси
Сонцето, ветерот, загадениот воздух и други негативни влијанија од надворешната околина, го оштетуваат организмот, а секако и кожата. Може денски да користите серум со антиоксиданси за да се заштите од загадувањата во воздухот. Кинетин
Овој вид на хормон прави чуда. Освен што и помага на кожата да остане влажна, стимулира и производство на хормони. Кога кожата не ви реагира на ретинол, ова е иделна замена. Кинетинот е јак како ретинолот. Користете го после вечерното миење.
lady.mkХијалурон
Хијалуронската киселина се наоѓа во структурата на човечката кожа, но со текот на времето се намалува.

Пронајдете не на следниве мрежи: