Шест видови соништа кои НИКАКО не смеете да ги игнорирате!

Сонот е сложен психолошки феномен, процес во кој се изразува нашето најдлабоко Јас, изменета состојба на свеста во која се мешаат свесните и несвесните содржини. За време на спиењето, ниту телото ниту мозокот не се потполно неактивни.Постојат шест вообичаени и значајни сценарија кои често се повторуваат во соништата и кои сите барем еднаш ги имаме доживеано. Затоа, овој вид соништа никако не треба да ги игнорирате, бидејќи секој од нив има свое скриено значење.
1. Летање
Соништата во кои летаме се многу чести и можат да значат моќ или проблеми со самодовербата. Клучниот момент во тие соништа се наоѓа на самиот почеток, пред полетувањето. Тогаш ги победувате своите ограничувања. Летањето ја претставува слободата која наоѓа надвор од човечките можности, па кога летаме го препознаваме сопственото чувство на моќ, или недостатокот на истото.
Глаткото полетување значи некоја позитивна случка, додека паѓањето за време на летот обично означува морални двоумења.
2. Храна
Храната најчесто во соништата значи храна за душата, но исто така, може да искажува и неисполнети желби. Кога некој не е задоволен од својот живот, често се обидува да се задоволи во соништата, а храната најчесто е прв избор во тоа. Секоја намирница може да има посебно значење, во зависнот од нејзиниот облик и боја. На пример, оревот ги претставува менталните способности, додека мангото ја симболизира желбата за телесен контакт.

3. Бегање
Ако некој ве прогонува во соништата, тоа најчесто е индикатор на тегоба и страв, бидејќи нешто ве прави да бидете ранливи и чувствителни. Голема е веројатноста дека некој физички ви се заканува, бидејќи инаку не би бегале во сон. Начинот на кој во сонот се носите со фактот дека некој ве прогонува, всушност го претставува начинот на кој се справувате со стресот и проблемите во секојдневниот живот.
Прогонувањето може да симболизира избегнување на конфликти, но може и да послужи како „алатка“. Имено, промената на улогите во сонот и ссочувањето со личноста која ве прогонува, ќе ви помогне да се соочите со тешките ситуации во секојдневниот живот. Ако во сонот бегате сами од себе, тоа значи дека си вршите притисок да ги совладате сопствените стравови.
4. Симболи
Мистичните предмети како што се крстот, еднорог или некое божество, се однесуваат на копнежот за верување во нешто духовно, некоја виша сила. Предметот сте го сместиле во сонот како знак за одбележување или да ви послужи како потсетник да побарате подлабоко значење за нештата. Веројатно некој нешто крие од вас, а вие во сонот го чувствувате тоа. Во духовната традиција, светиот објект во сонот претставува духовна порака која би требало да ви ја покаже судбината.

5. Голотија
Голотијата во сонот е честа појава и може да има неколку значења во зависност од вашата ситуација. Облеката генерално го симболизира криењето, бидејќи луѓето се единствените живи суштества кои го кријат своето тело. Ако сите останати во сонот се облечени, а вие сте голи, тогаш тоа претставува ранливост и веројатно потреба за прифаќање.
Да се биде гол во сонот значи и дека нешто криете. Од друга страна, може да значи и дека сакате да бидете во центарот на вниманието.
6. Животни
Животните во соништата имаат посебно значење кое зависи од видот. Генерално, животните претставуваат или дел од вашата личност, или вашите стравови и надежи. Ако сонувате диво животно, тогаш тоа има врска нескротениот, потсвесен дел од вашата личност. Ако станува збор за диво животно, тогаш тоа се однесува или на вашата свесност и разумот, или на одредено животно кое има некакво значење во вашиот живот.
Постојат многу култури кои веруваат дека животното ја претставува вашата душа како тотем, односно животно кое најдобро му одговара на вашиот карактер. Има верување дека човекот може да научи да го следи своето животно – тотем во сонот, за да ја открие вистината за себе. Ако тоа животно зборува, тогаш претставува скриено знаење до кое не може да се дојде со вообичаени начини.Постојат шест вообичаени и значајни сценарија кои често се повторуваат во соништата и кои сите барем еднаш ги имаме доживеано. Затоа, овој вид сони

Пронајдете не на следниве мрежи: