ПОНЕДЕЛНИК, 16 МАРТ 2015: Шеста година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја, во која учество ќе земат над 162 земји ширум светот.Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати силна порака за спас на планетата.
Оваа година, акцијата се одржува на 28-ми март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време, во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 162 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.
И македонските познати личности ја искажаа својата поддршка за акцијата. Даниел Кајмакоски, Снеже Велков, Татјана Алексиќ, актерите Атанас и Тино, но и твитер-заедницата се само дел од личностите кои оваа година ќе ги исклучат светилките за Часот на планетата Земја испраќајќи порака за опасноста од климатските промени.
– „Македонија со гордост може да се пофали дека по шести пат е дел од најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја (Earth Hour). Денеска официјално ја стартуваме кампањата насловена „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“ во која македонските познати личности ги повикуваат граѓаните да ја употребат својата моќ и да ги исклучат светилките во период од еден час и со тоа да дадат придонес за спас на планетата Земја.“ – вели Ѓорги Селков, претседател и главен организатор на акцијата Часот на планетата Земја во Македонија.
Иако атрактивните локации кои оваа година ќе потонат во мрак во градот Скопје, но и низ републиката, сѐ уште не се откриени, од организацијата најавуваат рекорден број на локации, кои ќе го надминат минатогодишниот број од 60 локации кои го исклучија осветлувањето за Часот на планетата Земја.
– “Ме радува тоа што сѐ поголем број на општини низ Македонија се вклучуваат во акцијата. Ја користам оваа пригода јавно да ги поканам градоначалниците на општините во нашата земја да го прифатат нашиот еколошки предизвик и заедно да покажаме дека и Македонија е дел од оваа светска акција со еколошки карактер. Во однос на атрактивните локации кои оваа година ќе потонат во мрак во град Скопје и низ републиката, повеќе информации ќе дознаете на нашата официјална прес-конференција која ќе се одржи на 26-ми март, но најавуваме дека ќе биде соборен рекордот од минатата година!“ – додава Селков.
Пријатели на акцијата оваа година се Црвениот крст на Република Македонија, Министерството за животната средина и просторно планирање, ЕВН и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.
Волонтерите од Црвениот крст и оваа година се суперхерои на Часот на планетата Земја и преку општинските организации на Црвен крст низ Македонија ќе ја прошират и одбележат акцијата во целата република.
Подетални информации за акцијата можете да пронајдете на www.earthhourmk.org или на нашата официјална фејсбук страница www.facebook.com/earthhourmk.
Во продолжение погледнете ја рекламата и не заборавајте да ги исклучите светилките на 28 март во 20:30 часот!
Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклуч