Се одржа шестиот состанок на Бизнис Клубот на општина Гази Баба, со кој претседаваше г-дин Богослав Ангелоски, а компнијата Ариље Метал повторно беше домаќин на овој настан.На состанокот на бизнис клубот се дебатираше за можноста одредени предлози на бизнис клубот и деловните субјекти во општина Гази Баба да се вградат во буџетот на ОГБ за 2017 година.
Се дискутираше и за поднесување на иницијатива на бизнис клубот за менување на каматната политика на деловните банки, кое се однесува на инвестициското кредитирање, како и за иницијатива за донесување на закон за измени и дополнување на закон за приватизација и зауп на градежно земјиште во државна сопственост, известуваат од општината.
Градоначалникот Тони Трајковски присуствуваше на состанокот и заедно со членовите на БК дискутираше за точките на дневниот ред и за можноста за нивно реализирање.
На крајот од состанокот се поставуваа прашања од различен карактер кои се од интерес на компаниите и се дебатираше околу добиените одговори и можните решенија.На состанокот на бизнис клубот се дебатираше за можноста одредени предлози на бизнис клубот и деловните субјекти во општина Гази Баба да се вградат