И оваа година општина Берово за време на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица , на 27-ми и 28-ми август го организира „ Етно Плоштад Фестивал “.Информацијата ексклузивно ја објави порталот Ова е Берово, кој објави и интервју со Механџиски.И оваа година општина Берово за време на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица , на 27-ми и 28-ми август го организира „ Етно Плоштад Фестивал “.Организаторите и генералниот спонзор најавуваат спектакуларен концерт и богата програма со разновидни содржини.
Втора година по ред генерален спонзор во музичкиот дел на „ Етно Плоштад Фестивалот “ се компаниите Zegin и Healthy Food by Zegin и благодарение на нивниот сопственик Благој Механџиски, главна музичка ѕвезда на 27 Август ќе биде мегапопуларната балканска ѕвезда Северина.
Во интервјуто, Механџиски ја потврдува информацијата и споделува некои од деталите: „Преговорите со Северина траеја многу кратко и на взаемно задоволство на сите склучивме договор за нејзино гостување во Берово. Со задоволство прифатив и оваа година да бидам генерален спонзор на „ Етно плоштад фестивалот“ во Берово, пред се јас како малешевец сакам да придонесам за збогатување на програмата на фестивалот, а воедно да го промовираме Берово и Малешевијата како туристичка дестинација, да дојдат што повеќе посетители на истиот, а воедно ги вкусат и малешевските специјалитети, го осетат чистиот планински воздух, здравата животна средина каде се произведува здрава органска храна, препознатлива во Македонија и надвор од неа“.И оваа година општина Берово за време на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица , на 27-ми и 28-ми август го организира