Си го пронашла заменетото бебе со помош на мајчински инстинкт

Две мајки три недели поминаа незнаејќи дека се грижат за туѓо бебе, откако нивните новороденчиња беа заменети по раѓањетоМајките Марија Лорена и Вероника Тејада родиле здрави девојчиња во приватна клиника во San Juan, Argentina. Марија ја роди својата ќерка со царски рез и и беше кажано дека тежи 2948 гр.
Но подоцна, кога новороденчето и беше донесено на доење, сестрите го измерија и тоа тежеше 3742 грама и запишаа дека бебето е родено по природен пат.
Ваквата вест предизвика сомнежи кај Марија, но и покрај нејзините постојани прашања добиваше одговор дека нешто не разбрала добро.
“Им реков дека ова не може да биде мое бебе, но тие ме убедуваа дека сум збунета и дека нешто погрешно сум разбрала. Постојано прашував и никогаш не добив одговор”, изјавува Марија.
Но нејзиниот мајчински инстикт и велеше дека нешто не е во ред.

 
Пресвртот на судбината се случил кога мајките на заменетите бебиња се сретнаа во амбулантата за контрола и совет за бебиња. Двете мајки низ разговор набрзо сфатиле дека тежината на нивните бебиња е иста со онаа која им била соопштена при раѓањето на бебето. Решена да ја открие вистината Марија поднела кривична пријава до болницата, а судијата бил должен да спроведе ДНК тестирање, кое потврди дека бебињата биле заменети при раѓањето.
Сега мајките повторно се соединети со своите бебиња откако поминале три недели грижејќи се за туѓо бебе.
Марија рече: “Поминав три недели со бебе кое не беше мое, но јас му ја дадов сета моја љубов, а знам дека и другата мајка го направила истото.”
Во понеделникот, 21 октомври двете жени се сретнаа во судот за да ги заменат своте бебиња. Клиниката ја признала грешката и соработувала во истрагата. Двете семејства сега размислуваат да покренат правна постапка против болницата.Мајките Марија Лорена и Вероника Тејада родиле здрави девојчиња во приватна клиника во San Juan, Argentina. Марија ја

Пронајдете не на следниве мрежи: