Siemens укинува 3.000 работни места во индустрискиот одел

Германскиот инженерски гигант Siemens планира да укине над 3.000 работни места во индустрискиот одел во рамки на опсежниот план кој цели на заштеда од шест милијарди евра, а осмислен е поради лошите делови резултати.

Компанијата на својата интернет страница соопшти дека 500 работни места ќе бидат укинати во седиштето во Минхен, а дополнително 500 преку намалување на бројот на фабриките во Германија.Со затворањето на фабриката во Пакистан, Siemens ќе укине 200 работни места, а предвидено е и селење на 200 работни места од Германија во Чешка. По ова, планирано е да се угасат 1.700 работни места во продажбата.Siemens е најголема европска инженерска и електронска компанија, а се соочува со се поголеми загуби. Оттука е зацртано зголемување на продуктивноста во индустрискиот одел до крајот на 2014 година во противвредност од 1,1 милијарди евра.Кон крајот на 2012 година групацијата најави укинување на околу 1.100 работни места во енергетскиот одел во Германија.
Германскиот инженерски гигант Siemens планира да укине над 3.000 работни места во индустрискиот одел во рамки на опсежниот

Пронајдете не на следниве мрежи: