ШИФРА „ВУК“: Таен документ на ЈНА кој сведочи за НЛО во Југославија!

Шифрата- Вук. НЛО срушено во Словенија. Аутопсија во Белград. Прелетување над Задар, Пазин, Цреша и Ниш. Нејасни сведоштва на пилотите… Целата вистина за вонземјанскиот живот во Југославија ја открива Томислав Новак.Мирна ноќ во Титовград. Над планината на Румија летаат пилоти. Почеток на осумдесеттите и се работи за стандардни вежби бидејќи во близина се наоѓа пилотското училиште на ЈНА. Секоја вечер таму се обучуваат пилотите. Летовите се рутински и кратки, помалку и досадни, а потоа една вечер преку радио-врската се слушна претставителен глас- „Вук, Вук. Повторувам, Вук“.
„Шифрата Вук“- зборува возбудено пилотот и одеднаш тоне под три илјади метри.
На небото веднаш се појавија МиГ-ови 21. Се будат по телефон командирите на воздушните сили. Се случува општа узбуна.
Наредбата гласи- „Руши се што лета над три илјади метри. Без предупредување!“.
„На хоризонтот се појавуваат портокалови, брзи и непредвидливи летачки објекти. МиГ-овите тргнуваат спрема нив но тие исчезнуваат во далечината. Еден од пилотите успева да ја следи светлоста и влегувањето во албанскиот воздушен простор. Го има на нишан и бара дозвола на пукање…“
„Ја помина границата, запри ја потерата и напушти ја Албанија“- му одговара командирот и ја прекинува мисијата.
Светлечките објекти на ноќното небо со месеци се појавувале во Црна Гора. Кога гласините дошле до командирот тој одлучил да се престане со трачевите и наредил МиГ-овите на првото видување на светлечките објекти да срушат се што лета над висина од три илјади метри. Постоело страв дека тоа може да бидат американски летала, но младите пилоти добиле само една наредба.

Тајна операција Вук!
„Кога ќе видиш светло, извикај „Вук“!
Приказната за Вук над Румија денес  ја раскажува пилот на ЈНА кој е во пензија.
Истата приказна ја чул и хрватскиот пилот Драгутин Препушт од Пула кој и самиот на крајот на осумдесеттите два пати доживеал вакви необични средби.
Препушт како инструктор на Галеб една летна ноќ со  својот ученик тргнал кон Задар. Вежбата била стандардна и наменета за искусни ученици кои се на чекор да станат професионални пилоти. Рутата ја поминувале неколку пати во иста ноќ- од Пула преку Опатија до Бакањца кај Задар па назад.
За време на третиот лет околу полноќ 1987 година точно кај Бакањац започнал вистински хаос.
„Ноќта беше ѕвездена а летот пријатен па се опуштив и преку командната табла го надгледував својот ученик кому доста добро му одеше- раскажува Препушт.
„Што е ова на левата страна?“- го прашал ученикот. Препушт го подигнал погледот и здогледал неверојатна глетка. На само педесеттина метри здогледал елипса која се движела кон нив.

„Го нема на радарот“!
Галеб во тој момент се наоѓал на висина од 3.600 метри а инструкторот проценил дека НЛО-то се движело со брзина од околу 900 километри на час.
Веднаш ја контактирал контролата на летот во Задар.
„Нема никој, сами сте“- му одговориле контролорите.
Контролорот од Бријум му рекол- „Го гледам  со голо око, не си полудел но на радарот навистина го нема“.
Инструкторот му рекол на ученикот никому да не го пријавува она што го виделе бидејќи можно е да се работи за илузија, но кога слетале во Пула веќе ги чекале истражителите кои ги раздвоиле секој од нив посебно да напише извештај.
„Тоа што го видовме беше НЛО! И тоа е навистина непознат објект но сам на себе си објаснив дека станува збор за електромагнетски облаци кои остануваат како трага зад секој авион. Тоа ми беше единственото објаснување“- кажува тој.

Вонземјани во Југославија
Стручњаците за НЛО тврдат дека респектабилната долгогодишна легенда за вонземјанците во Југославија започнала со списоците кои ги собрало Одделението за вселенски прашања основано веднаш по Втората Светска војна.
Бивша Југославија во 50-те и 60-те ги имала сите потребни состојки за уверливиот мит за вонземјаните од детално опишатите средби со суштествата од другата галаксија преку тајни бази, фотографии  па се до манастирски фрески од 14 век кои прикажуваат непознати суштества во леталата.
Имале дури и случај „Розвел“ . Во Словенија паднала една летечка чинија по што следела обдукција на мртов вонземјанин кој бил изваден од неа.
А изгледа дека не само Насер и Нехра сакале да свратат во дворот на Тито. Таму навраќале и луѓе од вселената а за сето тоа биле известени Американците, најверојатно за случај на инвазија или експлоатација на технологијата.Мирна ноќ во Титовград. Над планината на Румија летаат пилоти. Почеток на осумдесеттите и се работи за стандардни вежби бидејќи во близина се наоѓа

Пронајдете не на следниве мрежи: