Силен земјотрес во Чиле, нема опасност од цунами

Loading...

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 45,7 километри, 101 километар југозападно од рударскиот град Капиапо и на 585 километри од Сантијаго.
Чилеанските власти соопштија дека нема опасност од појава на цунами.Земјотресот бил почувствуван и во оддалечената престолнина Сантијаго.Во земјотресот страдала една жена, која во тој момент доживеала инфаркт, по што починала.Земјотресот се случил во 17 часот по локално време.Потресот предизвикал помали материјални штети, а извештаи за жртви нема.Земјотресот траел подолго од една минута и предизвикал паника и страв кај граѓаните.Пред три години земјотрес од 8,8 степени и цунами ги опустошија централните и јужните реони на Чиле, при што загинаа стотици луѓе.
 
МакфаксЗемјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

loading...
Loading...