Силувачот на шест и убиец на четири девојчиња побара слобода

Loading...

Најомразениот белгиски злосторник Марк Дутру во понеделникот побарал условно пуштање на слобода, иако изгледите дека тоа ќе му биде одобрено се речиси никакви.

Марк Дутру е осуден за грабнување, измачување и силување на шест девојченца и убиство на четири од нив во 1990-те, а својот случај го изложил на затворено сослушување на судот во Брисел во понеделникот.
Според белгиските закони, затворениците може да бидат ослободени откако ќе отслужат третина од казната или, доколку се осудени на доживотен затвор како Дутру, по 15 отслужени години.
Имајќи ја предвид грозоморноста на злосторствата на Дутру коишто ја шокираа Белгија и цела Европа, речиси не постојат шанси неговото барање да биде одобрено. Покрај тоа, кога неговата поранешна сопруга и соучесничка во злосторствата Мишел Мартен, осудена на 30 години затвор, беше пуштена на слобода минатата година по одлежани 16 години во затворот, таквата одлука предизвика жестоки протести во Белгија.
Сослушувањето во понеделникот било одржано под вонредни безбедносни мерки во самата судница и околу судот и во голема тајност. Одлуката на судијата ќе биде објавена на јавно рочиште на 18-ти февруари. Се` уште не е познато дали Дутру ќе присуствува на објавувањето на судската одлука.
 
Makфакс
Најомразениот белгиски злосторник Марк Дутру во понеделникот побарал условно пуштање на слобода, иако изгледит

loading...
Loading...