Играчот на Манчестер Сити смета дека тој и неговите соиграчи веќе немаат право на кикс бидејќи само еден пораз е доволен да градскиот ривал отиде на десет бода предност што би значело и оддалечување од титулата.
Манчестер Сити се наоѓа на седум бодови заостанување зад лидерот во Премиер Лигата, екипата на Манчестер Јунајтед, а Давид Силва смета дека Сити веќе немаат кредит за трошење и дека нема простор за киксови.
„Сигурно дека само еден пораз може да го уништи сонот во одбраната на титулата бидејќи Јунајтед во тој случај би отишол на десет бодови предност“ изјави Силва.
Шпанецот верува дека на него и соиграчите до крајот на шампионатот им преостанува да подвлечат црта и да видат дали тоа било доволно да трофејот остане во Сити.
„Доколку продолжиме да се бориме се надевам дека предноста на Јунајтед ќе се стопи. Се што треба да направиме е да продолжиме да забележуваме победи и да на секој натпревар го дадеме максимумот и да го ставиме ривалот под константен притисок со кој ќе го условиме да некаде изгуби бодови“ беше изјавата на шпанскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Давид Силва.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Играчот на Манчестер Сити смета дека тој и неговите соиграчи веќе немаат право на кикс бидејќи само еден п