Симболот на свастиката и неговата 12.000 години стара историја

Свастиката е симбол кој го искористи еден од најозлогласените диктатори во историјата, симбол што отсликува масакр изведен над милиони луѓе во една од најдеструктивните војни на Земјата. Но, Адолф Хитлер не бил првиот кој го употребил овој симбол. Всушност, овој симбол бил употребуван илјадници години пред него и тоа во многу култури и земји.За Хиндусите и Будистите во Индија и другите азиски земји, свастиката била важен симбол илјадници години, но и до ден денес симболот може да се види на повеќе места: храмови, автобуси, на корици од книги… Симболот бил користен и во Античка Грција и може да се забележи во остатоците од Троја, која постоела пред 4000 години. Античките Друиди и Келти исто така го користеле симболот, кој се рефлектира во многу откриени артефакти од тоа време. Симболот го употребувале и нордиските племиња, па дури и раните христијани – вклучувајќи ги Тевтонските витези, Средновековниот германски воен ред кој подоцна се преобратил во чист религиозен Католички ред. Но, зошто овој симбол е толку важен и зошто Адолф Хитлер решил баш него да го користи?
Зборот „свастика“ е Санскрит збор (`svasktika`) и значи „добра среќа“, „добро постоење“, „тоа е“, „добробит“. Но, во различни земји има други имиња: како „ван“ во Кина, „манџи“ во Јапонија, „филфот“ во Англија, „хакенкруз“ во Германија и „тетраскелион“ или „тетрагамадион“ во Грција.
Изучувачот на Санскритот, П. Р. Саркар, во 1979 година изјави дека скриеното и длабокот значење на зборот е „постојана победа“. Тој, исто така рече дека секој симбол може да има позитивно и негативно значење, во зависност од тоа како е нацртан (види фото).

Токму затоа, свастиката која во хиндуизмот е нацртана надесно, претставува симбол на богот Вишну и Сонцето, додека свастиката нацртана налево е симбол на божицата Кали и Магијата. Двојното значење на симболите е заедничко во постарите традиции (сличен е примерот со пентаграмот, кој се гледа како негативен симбол кога посочува надоле и позитивно кога посочува нагоре).

Најраната свастика е откриена во Мезине, Украина, која била изрезбарена на една статуетка која датира уште пред неверојатни 12000 години. Дури и најраните култури во Јужна Европа ја употребувале свастиката, во пределот на денешната територија на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, попозната како винчанска култура.
Во будизмот, свастиката е симбол на добра среќа, просперитет, изобилство и вечност. Симболот директно се поврзува со Буда и може да се најде на голем број негови статуи, а симболот е изрезбарен во пределот на неговите нозе и срцето. Се вели дека во симболот се наоѓа умот на Буда.
На ѕидовите на христијанските катакомби во Рим, симболот на свастиката се појавува покрај зборовите „ZOTIKO ZOTIKO“, што би значело „Живот на животот“. Симболот, исто така може да се сретне и на прозорците од мистериозните Лалибела камени цркви во Етиопија, како и во многу други цркви ширум светот.
Во нордиските митови, Один е претставен како поминува низ вселената во вртлог од диск, или свастика, гледајќи доле кон световите. Во Северна Америка, свастиката ја користеле Навахо Индијанците. Во Античка Грција, Питагора ја користел свастиката под називот „тетрактис“ и тој претставувал симбол кој ги поврзувал небото и земјата, со десната страна која покажува накај небото и левата страна кој покажува кон земјата.
Дури и Феникијците ја употребувале свастиката како симбол на Сонцето и таа претставувала симбол кој го користеле женските свештеници.
За Хиндусите и Будистите во Индија и другите азиски земји, свастиката била важен симбол илјадници години, но и до ден денес симбол

Пронајдете не на следниве мрежи: