Татко и син се уапсени на островот Крит во Грција откако грчката полиција откри дека тие во подрум на локална црква имале погон за сушење на марихуана. Полицијата по добиена информација влегла во подрумот на црквата и пронашла пет исушени стебла марихуана, високи три метри, за кои се грижеле таткото и синот.
При претресот на станот на таткото и синот, на возраст од 45 односно 19 години, пронајдено е уште едно стебло канабис, три пакети непреработена марихуана, со вкупна тежина од 425 грама, како и пиштол за кој немале дозвола.
Црквата што ја користеле таткото и синот е во селото Тополија и се користи само еднаш годишно, на денот на светецот чие име го носи. Полицијата по добиена информација влегла во подрумот на црквата и пронашла пет исушени стебла марихуана, високи три метри, за кои се грижеле таткот