Државниот архив на Македонија, синоќа во просториите на иновативниот центар на „Т-хоум“ на плоштадот „Македонија“ ја отвори изложбата под наслов „Одбележување на стогодишнината од распарчувањето на Македонија и од Првата светска војна“.На изложбата беа прикажани оригинални фотографии и документи, чиј избор е направен од депоата на Државниот архив. На отворањето на изложбата се обрати директорот на оваа институција, Филип Петровски и една од авторите, Дора Јурукова.
Изложбата се реализираше во рамките на меѓународниот симпозиум „100-годишнината од Првата светска војна: Последиците од 18 март 1915 година – Битката кај Галиполи“, на кој ќе учествуваат еминентни научници од Македонија, Турција, Бугарија, Унгарија и Полска.
Изложбата опфаќа фотографии, документи и материјал од богатата ризница на Државниот архив на Р. Македонија, а нејзина цел е да се прикажат што помалку познати материјали со кои јавноста ќе добие барем мала претстава за тоа каква била ситуацијата во Македонија на почетокот на 20 век и какво било секојдневието на нашите предци – Македонци.На изложбата беа прикажани оригинални фотографии и документи, чиј избор е направен од депоата на Државниот архив. На отворањето на изложбата се обр