Министерот за надворешни работи на Сирија денес изјави дека ако светот ја нападне сирија, таа ќе се одбрани со оружје кое ќе го закрепасти светот!
Министерот за надворешни работи на Сирија денес изјави дека ако светот ја нападне сирија, таа ќе се одбрани со оружје кое ќе го закрепасти светот!
Американските медиуми изјавија дека денеска на 29 август САД најверојанто ќе ја нападне Сирија поради геноцидот со труење на 1700 луѓе со нервен гас. Инаку американските претставници кои требаше да се состанат со руски дипломати по прашањето за подготовка на Женевска мировна конференција, го откажале состанокот, со други зборови, САД го отфрла дипломатското решение и поаѓа со воени опции.
Британскиот Дејли Мејл пак утрово објави дека Англија не е доволно сигурна дека треба да учевствува во оваа војна, голем дел од генералите застанале на ставот дека ова би можело да доведе до нови терористички напади во Англија.
Сирија пак уште еднаш го заплаши светот, нејзиниот министер за надворешни работи изјави дека државата поседува оружје кое ќе го закрепасти светот. Тој меѓудругото рече дека нападот со хемиско оружје воопшто не е нивна вина и ги повика светските сили да ги покажат доказите околу тоа.
„Ако мислите дека на овој начин ќе им помогнете на бунтовниците да ја заземат власта, се лажете!“ – рече министерот и додаде дека од оваа војна корист би имале само Израел и Ал Каеда. Русите пак велат дека Сирија има доста моќна воена опрема и може да пружи сериозен отпор против странските сили кои се спремаат за напад. Сирискиот министер исто така вели дека е уверен дека Русија нема да ја остави Сирија на цедило.
Погледнете го видеото на think.mkМинистерот за надворешни работи на Сирија денес изјави дека ако светот ја нападне сирија, таа ќе се одбрани со оружје кое ќе го закрепасти светот!