Сириза ги поттикна Шпанците да излезат на улиците

Промената на власта во Грција поттикна надеж кај многу Шпанци, кои се огорчени заради високата стапка на невработеност и корупција.Десетици илјади Шпанци учествуваа во „Маршот на промени“, на градскиот плоштад во Мадрид во знак на поддршка на левичарската партија Подемос во пресрет на парламентарните избори во декември. Подемос, според моделот на сестринската партија, грчката Сириза, во случај на победа го објави укинувањето на мерките на штедење.
Откако централно-десничарската влада на Шпанија позајми пари да им помогне на приватните банки и им вети на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонднамалување во јавните служби, избришани се илјадници работни места. Во Шпанија невработено е 24 отсто од населението, и веднаш по Грција земјата е на највисок степен во Европската унија.
„Денес сонуваме како нашиот сон да стане реалност во 2015 година. Оваа година ќе започнеме нешто ново“- порача Иглесиас од сцената на главниот плоштад. Победа на СИРИЗА во Грција во Шпанија за не така мал број луѓе дејствуваше како витамински пијалок. Народот во мај ќе може да го изрази своето мислење на локалните избори.Десетици илјади Шпанци учествуваа во „Маршот на промени“, на градскиот плоштад во Мадрид во знак на поддршка на левичарската партија По

Пронајдете не на следниве мрежи: