Сите бегаат од Македонија во Австралија, само таа се враќа назад!

Фолкерката Вера Трајкоска кариерата од Австралија ја пресели во Македонија. И додека на сите музичари ветена земја им е Австралија и едвај чекаат таму да заминат на печалба, Вера вели дека имала огромна желба да дојде и да живее малку тука и секако да продолжи со кариерата, пренесува Вечер.- Имавме голема желба да дојдеме и да поживееме во Македонија.
Пејачот и композитор Оливер Глигоров ги видел моите клипови на „Јутјуб“ и стапи во контакт со мене, и така тој и неговата сопруга Милица Настовска – Глигоров ми направија песна со која учествував на годинешниот Валандовски фестивал, а потоа и на Охридски трубадури – појаснува Вера, која во Мелбурн работела во администрација, но додава дека македонската песна ѝ е огромна љубов и хоби.
Трајкоска пет години пеела во групата „Милениум“, а има издадено и два албума. Планира додека е тука да го издаде и третиот албум со македонски новокомпонирани песни.
 – Имавме голема желба да дојдеме и да поживееме во Македонија.
Пејачот и композит

Пронајдете не на следниве мрежи: