Сите негатори на Македонија се обединија околу Заев

Ликовите кои ја негираат Македонија и работат против македонските интереси се обединија околу лидерот на СДСМ, Зоран Заев.Ударната медиумска тупаница на СДСМ, ПлусИнфо на Бранко Героски, на Велики петок објави колумна во која Јован Вранишковски се приклучи и ги поддржа протестите организирани од СДСМ, СОРОС, Беса…
Расчинетиот владика Јован Вранишковски го негира постоењето на Македонската православна црква, но често и на цела македонска држава.
Токму тој и баш денес одлучи да објави колумна во која ги поддржува хулиганите кои уништуваат спомен обележја од вековната македонска историја. Вранишковски е човекот кој си го промени своето лично име од Зоран во Јован и притоа изјави дека ако се откажал од името има право да се откаже и од сите други дадености без разлика дали тоа е етички. Така, Вранишковски истакна дека не се чувствува како Македонец туку како Византиец.
Во медиумите низ регионот Вранишковски даваше изјави дека Цар Самоил не бил Македонец, туку Бугар. Верниците и јавноста го нарекуваат расколник кој често работеше против интересите на МПЦ и македонскиот народ. Не ја признава Македонската православна црква и работи против верниците.
Расчинетиот владика Вранишковски беше суден за проневера на 325.000 евра црковни пари. Тој направи бројни малверзации додека бил на чело на Повардарската, Брегалничката и Пелагониската епархија.
Пред неколку години лежеше во затвор за поттикнување на национална, верска и расна омраза, раздор и нетрпеливост. Затајувал и донации, пари наменети за градба и реконструкција на црква, си ги ставал во сопствен џеб.
Во видеата во продолжение погледнете каков е овој човек кој се приклони и се согласува со идеалите на Зоран Заев.
Ударната медиумска тупаница на СДСМ, ПлусИнфо на Бранко Героски, на Велики петок објави колумна во која Јован Вранишковски се приклучи и ги поддржа

Пронајдете не на следниве мрежи: