Сите теории на заговор околу смртта и погребот на Јосип Броз Тито!

На денешен ден пред 34 години, во Белград беше погребан доживотниот претседател на СФРЈ, лидерот на КПЈ и синот на народот и народноста – Јосип Броз. Тоа беше најголемиот погреб во историјата на земјата.На погребот на 8 мај 1980 година, присуствуваа највисоките претставници од повеќе од 120 земји и преку 200 политички партии, додека директниот пренос бил емитуван во повеќе од 40 држави од светот.
Реалниот број на делегации и луѓе кои присуствуваа на погребот никогаш не беше објавен, еве и зошто:
Магазинот Тајм, во статијата од 18.5.1980 година, наведува дека на погребот присуствувале 123 службени делегации од државите, од кои 3 крала, 32 претседатели и други државни функционери, 22 премиери и преку 100 претставници од комунистичките или работничките партии.
Од друга страна пак, англиската википедија наведе сигурна бројка од 50 државни делегации. Ако се отвори на нивната страница, ќе може да се забележи дека навеле вистинити извори. Според нив, на погребот присуствувале 25 претседатели на држави, 9 премиери, 5 кралеви, 4 принцеви, 3 министри за надворешни работи, 2 канцелара, 2 члена од владата на Куба, 1 претседател на парламент, 1 министер за образование, 1 министер за финансии, 1 генерален гувернер (од Велика Британија), 1 заменик премиер, 1 Голем војвода, Роберто Родригез Варела, претставник од Аргентина и лидерите на Либија, Полска и СССР.
Според нивната службена страница, ООН имале 148 земји членки. Зимбабве станува 149. членка на 25.8.1980 година по погребот на Тито, иако испратил делегација. Ако земеме во предвид дека државите како Сао Тома и Принципе, Сејшели или Света Луција станале членки на ООН кон крајот на 70-те, прифатливо делува податокот дека дошле „123 делегации“.

 
Кој и поради што ја испратил најголемата делегација на погребот?
Според многу релевантни податоци, „најмасовната“ делегација била испратена од страна на Западна Германија. Потоа следуваат Австрија, Италија, Португалија, Обединетото Кралство и СССР, кои исто така го испратиле целокупниот државен врв.
Според теориите на заговор, Западна Германија го направи тоа бидејќи наводно Јосип Броз Тито бил „нивен човек“.
Најнеобични делегации имале: Велика Британија – која покрај Маргарет Тачер има испратено и воен ветеран, шеф на британските претставници во 1943 година, САД – во чија делегација се наоѓала мајката на претседателот Картер, Египет – кој ги испрати синот и ќерката на претседателот Гамал Абдел Насер и Ватикан – кој испрати свештеник, дипломат, воедно и надбискуп.

Дали сте знаеле дека Тито бил погребан двапати?
Мистеријата повеќе ја нема – ковчегот на Тито повторно бил изваден на 8 мај 1980 година, околу 16:30 часот, за да се постави мермерен блок тежок 12 тони.
Погребот, како дел од погребниот церемонијал, бил импровизиран за телевизиски и други снимања, но во реалноста работата на Титовата гробница траела цела вечер. Во погребната церемонија којашто беше прикажана на телевизија, гробницата била привремено затворена со имитација на мермерен блок, којашто не била прицврстена, туку се наоѓала на посебни тркала.
На Јованка Броз и било забрането да присуствува на погребот?
Јованка се наоѓала во домашен притвор поради наводен конфликт со Тито, па за малку и било скратено правото да присуствува на погребот на својот сопруг во Белград.
Според тврдењата на самата Јованка, кога Индира Ганди слушнала дека на Јованка нема да и биде дозволено да присуствува на погребот, таа одбила да допатува за Белград, се` до моментот кога добила писмена гаранција од тогашните служби за безбедност на СФРЈ дека Јованка сепак ќе му упати последен поздрав на својот сопруг.
На погребот на 8 мај 1980 година, присуствуваа највисоките претставници од повеќе од 120 земји и преку 200 политички партии, додека директниот прен

Пронајдете не на следниве мрежи: