Сите жени сакаат пенис

Признатиот словенски сексолог и психоаналитичар Роман Водеб ја шокираше јавноста со своите изјави за успешните жени. Тој смета дека жените сакаат мажи, затоа што сакаат да имаат пенис.
Роман Водеб, кој гостуваше во емисијата на Даниела Трбовиќ – „8-ми спрат“ тотално ја изненади јавноста. Темата на емисијата беше „успешни и слободни мажи“.
„Жените кои мислат дека сакаат мажи, всушност го сакаат нивниот орган кој го немаат. Таа желба е несвесна, а се формира на 3, 4 години, кога девојчето се двои од полека од мајката и сака сопруг како својот татко“, изјави Водеб, кој воедно додаде и дека парите за жените се замена за машкиот полов орган.
 „Парите не се пари, парите се симбол за машкиот полов орган. Жените не ги сакаат парите затоа што со нив можат да си купат одредени работи, туку ги сакаат на несвесно симболично ниво“, ги објасни Водеб своите тврдења.
Според него, жените со феминистичките движења ја одземале машкоста на посилниот пол.
 „Во тоа друштво имате некаква функција, имате можеби повеќе пари од мажите. Вие на тој начин ги кастрирате нив“, изјави Роман и додаде дека мажите морада бидат доминантни, бидејќи имаат активен орган.
„Жените имаат став – еве ме, убава сум, имам некаква моќ, атрактивна сум за тебе. Ако жената има некакви достигнувања, како на пример, ако е директорка, тогаш таа е фалична, таа ги плаши мажите“, беше уште една од многуте изјави на Роман Водеб.
Дали ја зборува вистината или не, сигурно има и такви кои го делат своето мислење со познатиот сексолог.Признатиот словенски сексолог и психоаналитичар Роман Водеб ја шокираше јавноста со своите изјави за успешните жени. Тој смета дека жените

Пронајдете не на следниве мрежи: