СИТНИЦИ КОИ МОЖАТ ДА ВИ ГО СПАСАТ ЖИВОТОТ: Како би требало да возите по снег и мраз

Не е лошо во зимските услови при возење да понесете лопата, малку песок, старо ќебе, метла за чистење стакло, спреј против замрзнување на стакло, спреј за брави.Снегот ја завеа цела Македонија, а и Балканот, па надлежните советуваат да не се тргнува на пат без зимска опрема. Ние ви носиме неколку совети.
Не тргајте на пат без зимска опрема
Зимската опрема ја чинат зимски пневматици на погонските тркала или на сите четири радијални гуми со длабочина на шарата од најмалку четири милиметри, како и ланци кои монтираат по потреба.  
Не е лошо за зимски услови при возење треба да понесете лопата, малку песок, старо ќебе, метла за чистење стакло, спреј против замрзнување на стакло, спреј за брави.
Пред стартување на автомобилот во зимските денови задолжително треба најпрво да го исчистите од снегот и мразот од покривот и стаклените површини, треба да го проверите уредот за греење, секогаш да ви е наполнет резервоарот со гориво, бидејќи во случај на застој на пат ќе можете да се греете.
Кога има мраз и снег по патот, најдобро е а се вози под мал гас и во помала брзина. Најважно е да не се прават нагли движења со воланот или сопирачките, ако е потребно да се намали брзината, моторно кочење. Во тие моменти треба да заборавите на ножната сопирачка.
За време на возењето по длабок снег, управителот треба да се држи право, така што предните и задните тркала да имаат ист правец на движење.
Ако афтомобилот „шлајфува“ треба д пробате да се движите наназд, ако и тоа не успее, тогаш под тркалата ставете песок, отпадоци гранки, крпи и сл.

Корисни совети
– Доколку во зимски услови останете на пат поради дефект или застој на пат, а немате доволно гориво, ќе помогне обична свеќа која температурата во автомобилот ќе ја подигне и до 10 степени целзиусови.
– Пред да стане поладно, во бравите од автомобилот ставете глицерин со помош на пипета или стар шприц за инекција.
– Во вечерните часови повлечете сауг, наутр полесно ќе го стартувате автомобилот, но не тргнувајте веднаш, бидејќи дури после 10-тина секунди ќе се направи доволен притисок уљето да стигне до сите места за подмачкување. 
ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Што НЕ смеете да правите на „дебел“ минус, а што задолжително МОРА да имате кај себеСнегот ја завеа цела Македонија, а и Балканот, па надлежните советуваат да не се тргнува на пат без зимска опрема. Ние ви носиме неколку совети.

Пронајдете не на следниве мрежи: