Ситуацијата во Куманово на чело со градоначалникот Дамјановски станува алармантна

Граѓани од неколку населби во Куманово живеат во субстандардни услови бидејќи на 40 степени немаат вода. Тоа е резултатот од недомаќинското и неодговорно владеење на СДС и градоначалникот Дамјановски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Ситуацијата во Куманово на чело со градоначалникот Дамјановски станува алармантна во секој поглед. Куманово станува град каде што основните потреби стануваат секојдневни проблеми на граѓаните. Жителите се нервозни од неодговорноста на градоначалникот. Почнувајќи од тоа дека нема кој да го чисти градот, па се до борбата на граѓаните за капка вода во жешките денови.
Централното градско подрачје веќе 4 дена мака мачи со тропските температури кои надминуваат над 40 степени, во услови кога во градот нема вода. Покрај тоа што нема никаков дотур на вода во централното градско подрачје, високите зони исто така немаат вода по 3 до 4 дена. Системот за водоснабдување на многу места во Куманово е нефункционален и е под постојан прекин, поради неодговорноста на надлежните локални власти.
Очигледно е дека СДС немаат кадарен директор кој ќе се справи со потребите на граѓаните и ќе овозможи стабилизација на водоснабдителниот систем.
Овој проблем се провлекува со години, а ние со години апелираме до градоначалникот за сериозноста на ситуацијата, но овој пат состојбата е загрижувачка. За сите граѓани, а особено за болните и изменоштени луѓе, со хронични болести, основната потреба во овие тропските денови е водата. Но очигледно дека партиските состаноци во скапи ресторани се побитни од потребите и жедта на граѓаните.
Зарем тоа го заслужуваат кумановчани, со денови да полнат шишиња и да се капат со лончиња, господине Дамјановски !?
Апелираме да ја оставите вашата политика на страна и да се посветите со вашите директори кон решавање на овој проблем. Тоа е ваша обврска бидејќи за тоа сте избрани и платени со парите на граѓаните.
Да се обезбеди водата која граѓаните ја заслужуваат и уредно ја имаат платено!!!
 
 
 Ситуацијата во Куманово на чело со градоначалникот Дамјановски станува алармантна во секој поглед. Куманово станува град каде што основните потреби

Пронајдете не на следниве мрежи: