Oва лудило кое таканаречениот опозиционен лидер Заев Аболициран Зоран ни го наметна и во кое Специјалното Јавно Обвинителство на специјалката Катица Јанева претставува инструмент за спроведување на разнебитувачките политики на СДСМ, почна да ги дава првите „резултати“.Резултати кои одат на душа директно на Катица и нејзината актерска група, но посредно се на душа на Заев-човекојадецот и неговата антидржавна клика во СДСМ. Одговорот за своето антидржавно делување ќе треба еден ден да го дадат пред народот, а се надевам и пред судовите на Македонија, но најголемиот одговор за уништените животи и души испратени во вечноста ќе треба да го дадат на вечниот суд.
Знаејќи ја нивната комунистичка и богоборна духовна состојба знам дека со овие мои зборови ќе ме земат на подбив, бидејќи не веруваат во бесмртноста и во Христа, па така и не веруваат во тоа дека треба да дадат „добар одговор“. За нив (Заев, Спасовски, Катица, Фатиме и другите) добар одговор е одговорот пред нивните налогодавци за чии интереси го распнуваат сопствениот народ. Тие дури не планираат да одговараат и пред сопствениот народ, впрочем затоа несакаат да одат на избори, бидејќи однапред го знаат одговорот на народот.
Истурањето на омраза, фрустрираност, нечовечност и над се нељубов кон сопствениот народ и татковината ја достигнуваат својата кулминација. Човекојадецот со својата свита на канибали оди по душите на своите сонародници. Ова е борба меѓу злото (СДСМ) и доброто (народот Македонски). Во оваа борба пред се се уништува психата на поединци, нивните семејства и на крајот животите на луѓето, но воедно резултатите од работата на СЈО се видливи и во создавањето раздор и трауми во колективната меморија на Македонската нација.
Методите на работата на СЈО ги даваат конкретните резултати. Тоа се оние резултати кои требаше да ги постигне, а не правдината и докажувањето на вина на сите кои на разни начини беа вклучени во аферата „Пуч“.
Трагичниот развој на настаните, СЈО го стимулира да продолжи со својата крвава работа, сесрдно потпомогнато од разно-разни невладини организации, радикални елементи финансирани од нејасни исламистички фондови, ЛГБТ заедницата, таканаречени левичари и други сподоби. Продолжува со своите методи на работа, својствени за некое време познато како Сталинизам. Впрочем, на секој начин треба да се испорача резултат кај своите налогодавци. Во спротивно Заев и Катица во прв ред ќе треба да ја платат сметката и потрошените пари на налогодавачот и тоа со камата. Во тој контекст, и двајцата немаат намера да ја платат сопствената сметка, туку истата сакаат да му ја испорачаат на Македонскиот народ, на граѓаните на Република Македонија.
Злобата која уште пред некоја година на своите партиски настапи ја искажуваше Заев сега е олицетворена во СЈО преку неговите методи на работа и резултатите кои можеме да ги видиме и кои допрва ќе ги гледаме. Бесрамното самозадоволство од животните трагедии на жртвите на СЈО кои подлегнаа на психичкиот притисок претставува монструозна креација на умови кои експлицитно се хранат со туѓата несреќа и ликуваат над човечката трагедија. Наместо во овој период, во овие денови на славењето на животот над смртта и Христовото Воскресение за вечен живот да се зарадуваат на животот, тие како докажани некрофили се радуваат на смртта, на владението на кнезот на овој свет.
Токму тоа е разликата помеѓу „режимот“ како што го нарекуваат и нив. Разликата во пристапот, разликата во посветеноста кон својот народ и видливите позитивни чекори на ВМРО-ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ со сесрдна поддршка на СЈО и чадорот за добивање резултати еднакви на живот во пеколот.
Заканите од Заев за масовен протест и претходно објавување на некакви си бомби за Смилковско езеро, за трагичната смрт на Никола Младенов и за името на Република Македонија во преговорите за спорот со Грција, само покажува дека аболицираниот по секоја цена работи на создавање дополнителен хаос во државата и тоа врз основ на славење на смртта. Притоа си игра со чувствата на луѓето директно засегнати од првите два случаи. Во последниот случај си играше и со чувствата на сите граѓани на Македонија. Токму затоа и сега на Велигден, се покажа сета бесчувствителност на Заев и друштвото му, најавувајќи масовни протести и таканаречени бомби, а се со цел да предизвика дополнително вознемирување кај граѓаните. Ова е еклатантен доказ за деструктивното делување на Заев и неговите пријатели од чадорот особено на СЈО, кога дури и пред и за време на Велигден не им оставаат на граѓаните Православни Христијани во мир да го дочекаат светото Христово Воскресение и да се радуваат на животот. Впрочем, оние кои се радуваат над смртта неможат да се радуваат над животот и од дното на душата се обидуваат да ги спречат здраворазумните македонски граѓани да се радуваат на животот и вечноста.
Резултатите кои во овој момент ги конкретизира СЈО се видливи и во однос на делувањето на Заев. Наместо да добие притвор и заедно со другар му Верушевски да биде спречен да нанесува штета врз државата, тие како помилувани си тераат со деструктивната приказна. Тоа е резултатот на СЈО од досегашните нивни методи на работа во кои се обидуваа со закани, уцени, притисоци и јавни пресуди пред обвинителните акти воопшто да бидат поднесени да одработат за чадорот и да му помогнат на Заев. Му помогнаа оставајќи го на слобода и не спроведувајќи го случајот Пуч, а продолжуваат да му помагаат со секој свој чекор зачинет со актерските настапи на Фатиме при јавната сценска претстава на измислените и со докази непоткрепени сомненија.
Резултатот од работата на СЈО е длабока деструкција на државата, поделеност на народот, ослабување на институциите на државата и воведување во длабока криза, криза која не е само безбедносна, туку уште повеќе психолошка, етичка и национална пред се. Тоа е резултат кој ги поттикнува непријателите на Македонија да делуваат отворено и дрско против државата и нејзините граѓани, да го претворат животот во Македонија во пекол.
Токму затоа последниве денови по самоубиството на Крпач (Бог да го прости) можевме да ги видиме морничавите и над се нечовечни фејсбук статуси и изјави. Понекогаш се прашувам, што ли јадат и пијат овие луѓе кои ликуваат над смртта на еден човек и се радуваат над канибалистичките апетити на Заев. За да биде поголема трагедијата, тие не јадат живи луѓе во буквална смисла, тие ги јадат душите на луѓето.
Какво ли потценување кон сопствениот народ имаат Заев и СЈО кога може со мирна душа да испраќаат соопштенија во кои самите велат дека некој доброволно им се понудил за соработка и одлично соработувал со нив, а од друга страна му вршеле претреси по дома пред неговата сопруга и дете. Кога со оружје упаѓаш во сред ноќ и вознемируваш нечие семејство, кога се закануваш, а тврдиш дека тој бил одличен соработник, се поставува прашањето како се однесуваш кон некој кој не е доброволен сведок или не соработува според очекувањата. Надлежниот Јавен обвинител ќе мора да ги расчисти овие дилеми и секој што си терал сопствена, нарачана правда надвор од законот, да одговора. Јавноста чека одговор, зошто по налог на Катица Јанева во ноќно време биле испраќани АЛФИ да упаѓаат кај Крпач? Зошто доколку имале сознанија дека наводно постоеле притисоци врз Крпач, тоа го криеле, а правеа десетици театрални прес конференции? Дали тоа е навремено пријавено било каде? Одговорот овој пат не се очекува од СЈО. Јавноста виде дека СЈО лаже и манипулира. Овој пат одговорот се очекува од надлежниот Јавен обвинител кој треба да ги утврди околностите за смртта на Коста Крпач. Се зборува дека кога побарал стручна помош , Крпач кажал се што го мачи. Овој пат тие белешки не смеат да исчезнат или да бидат сменети, кој и да е чадорот. Колкава и да е неговата моќ, таа не е поголема и повредна од човечкиот живот.
Ова јадење на души е конкретниот резултат кој го постигна СЈО и Катица по налог на чадорот. Притоа се манипулира со информациите, односно се пласираат двосмислени информации. Прво, дека Катица е борец против корумпираните политичари во Македонија, при што се генерализираат сосотојбите и така воопштени создаваат слика дека во Република Македонија сите политичари се корумпирани. На овој начин се постигнува еден од резултатите, односно целите на СЈО, а тоа е уривање на кредибилитетот на македонските политички и економско-финансиски институции на подолг период. Второ, со бласфемичната и крајно двосмислена констатација во врска со трагедијата на Коста Крпач, „умре застрелан во градите“, се поттикнува имагинацијата за претставата за Македонија како држава во која се случуваат чудни умирања и земја во која е опасно да се живее.
СЈО ги постигнува своите резултати, а тоа се резултати од интерес на своите надворешни ментори и нивниот пулен во Македонија, аболицираниот Заев. По примената на методите засновани врз тортура, уцена и заплашување, а заради принуда кон изнудување лажни сведочења против главната жртва која во измислените случаеви покрај јавната пресуда изречена од СЈО треба да биде по секоја цена осудена, доаѓаат резултатите. Резултати кои се против Македонија и нејзините граѓани, против правото и владеењето на правото, против демократијата и демократското владеење, против развојот и напредокот на државата. Овие резултати имаат за цел продолжен хаос, агонија, безвластие и безредие во Македонија. Внесување на страв, несигурност и трауматичност кај граѓаните во секој поглед, создавање на живот во пекол во сопствената татковина е резултатот кој Катица и нејзиното СЈО го постигнаа.
Сепак, како и да е и ова ќе заврши, Македонскиот народ имал многу тешки мигови и овие ќе ги надмине. Нечовечните специјални обвинители и нвините озлобени партенери од СДСМ ќе се засрамат и ќе потонат како Јуда предавникот.
На крајот од се, животот ја победи смртта и за тоа е доказ Христос. Да се радуваме на животот мој народе Македонски, граѓани на Македонија, да ја презреме смртта и нејзините промотори поттикнати од кнезот на темнината. Да се зарадуваме на вечниот живот на вечната светлина на Велигден, како наш пркос кон „резултатите“ на СЈО.
Христос Воскресна, Навистина Воскресна за спасение и вечен живот, победувајќи ја смртта.
Доцент д-р Оливер АндоновРезултати кои одат на душа директно на Катица и нејзината актерска група, но посредно се на душа на Заев-човекојадецот и неговата антидржавна клика