СЈО има добиено наредба од СДС политички да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ

СЈО е алатка на СДСМ за политичка манипулација и пресметка. Случаите за кој СЈО покрена обвинение се неиздржани, без докази и се засноваат на политички, а не правни квалификации, вели во изјава Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.-СЈО има добиено наредба политички да го напаѓа ВМРО ДПМНЕ и нејзиното раководство. Се обидуваат на секаков начин да ја оцрнат и заслабат партијата. Затоа бараат мерки само против пратеници и функционери на партијата. Затоа бараат без никаков аргумент да се одземат патните исправи на 50 функционери само на ВМРО ДПМНЕ и никој друг. СЈО и Заев се плашат дека вистината за тоа што го прават ќе излезе и надвор од Македонија и ќе ја дознаат многу пријатели на Македонија. Нема ниедно друго образложение за ова што го прави СЈО, освен политички обид за изолација и оцрнување, изјави Костовски.
Костовски вели дека тоа и беше и основата на конструкцијата на сите случаи кои ги покренаа. Еден од тие случаеви за кој се крена голема фама од СДС, а кој СЈО го употребува за политичка борба е случајот ТЕНК. Според зборовите на Костовски тие водеа политичка хајка за набавка на блиндираниот автомобил, а сега владата на СДС продолжува да го користи. Велеа дека бил уништен и изгребан, па откако го сликаа и купија денот со сликање, го изгланцаа и ставија во погон за превоз на делегации.
-Самиот случај е правен преседан. Фактите се следни: за набавка на автомобилот спроведен е тендер. По изборот на компанијата која ќе го набави немало никакви понатамошни жалби ниту забелешки. Автомобилот е набавен поради тоа што постојниот беше две децении стар, амортизиран и со помината безбедносна ефикасност. Македонија сега има барем едно репрезентативно возило. Токму СЈО направи политички случај кој е извор на манипулации и дезинформации. За имот кој останува во наследство на Република Македонија. Ова е уште еден еклантатен пример каде се доказува пристрасноста и  политичката хајка која ја води СЈО, изјави Костовски
Костовски вели дека ова е пример како работи СЈО и спроведува политички нарачки на СДС и Зоран Заев. СЈО не е правен туку политички орган и алатка, завршува Костовски.
 
 
-СЈО има добиено наредба политички да го напаѓа ВМРО ДПМНЕ и нејзиното раководство. Се обидуваат на секаков начин да ја оцрнат и заслабат партијата

Пронајдете не на следниве мрежи: