СЈО ќе го презентира својот шестмесечен извештај

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе го презентира шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. Тоа е втор шестмесечен извештај за работните активности на СЈО што треба да биде доставен до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавни обвинители.Првиот извештај на Специјалното јавно обвинителство до Собранието и Советот на јавни обвинители беше поднесен на 15 март, но Јанева не го образложи извештајот пред пратениците и пред Советот, па седниците беа одложувани неколку пати.
Според Законот за Специјално јавно обвинителство, СЈО е обврзано на секои шест месеци да дава отчет пред Собранието и Советот на јавни обвинители.
– Јавниот обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите, односно нејзините активности, вклучувајќи и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од јавниот обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали што според јавниот обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодветни информации за да ги оправда трошоците, е наведено во Законот.
СЈО откако беше формирано за една година отвори пет истраги: „Титаник“, „Тортура“, „Тврдина“, „ТНТ“ и „Транспортер“.
Специјалното јавно обвинителство за поведените предистражни и истражни постапки досега нема поднесено ниту едно обвинение.Првиот извештај на Специјалното јавно обвинителство до Собранието и Советот на ја

Пронајдете не на следниве мрежи: