СЈО по 30 јуни нема мандат да покренува било какви постапки

Основањето на СЈО е дел на политички договор од Пржино и тоа е еден хибриден орган кој нема основа во Уставот. Тој орган беше основан со строго утврден рок и само во истиот може да се поднесуваат обвиненија или да се запре истрагата, оценува поранешниот министер за правда Михајло Маневски, пишува Република.-Според членот 22 од Законот за СЈО, јавниот обвинител кој раководи до Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци. Тоа значи дека времето на дејствување на тој специјален јавен обвинител е ограничено на 18 месеци, како што е договорено и наведено во членот 22.
Сепак, Катица Јанева денеска уверуваше дека „ниту 30 јуни ништо не менува“ и дека СЈО ќе продолжи да работи по делата и дека и натаму ќе поднесува јавно обвинителски одлуки. Според Маневски „треба да бидеме на чисто дека после 30 јуни тоа јавно обвинителство не може ниту да покренува ниту претходни, ниту истражни постапки, ниту да поднесува обвиненија против било кое лице“.
-Слушаме сега некои разни начини на кои тоа ЈО настојува да ја продолжи работата, па да се префрлело во ОЈО, што е крајно недопустливо или да може и понатаму да ги следи телефонските разговори и да покренува предистражни и истражни постапки. Тоа е незаконито и апсолутно недозволиво затоа што тоа јавно обвинителство веќе нема мандат да покренува било какви постапки против било кое лице– објаснува Маневски.
Всушност најавата на СЈО не е ништо друго туку јавна закана против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во политичката хајка која ја врши како инструмент на Зоран Заев, а во пресрет на загрозување на националните интереси со воведување на двојазичност и креирање на бинационална држава, предавање на македонската историја и јазик на денот на прославата на Илинден, како и на решение на спорот со Грција на сметка на македонските интереси.-Според членот 22 од Законот за СЈО, јавниот обвинител кој раководи до Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на ис

Пронајдете не на следниве мрежи: