СЈО се активира со обвиненија за да го испере Заев од срамот во Бугарија

Катица Јанева и СЈО повторно се активираат за одвлекување на вниманието на јавноста од срамните и скандалозни изјави на претседателот на СДСМ Зоран Заев во Бугарија. Јанева денеска најави дека СЈО од следната недела ќе поднесува обвиненија.Веќе видена тактика на СДСМ е да се повика на помош од СЈО, да се нарачаат и конструираат истраги и обвиненија за да ја дефокусираат јавноста со нови спектакуларни прес конфренции на СЈО. Јавноста имаше можност да види прес конференции на СЈО кога се актуелизираше прифаќањето на Тиранската платформа од страна на Зоран Заев, па потоа кога излегоа информациите за договорените измени на законот за употреба на албанскиот јазик, исто како и при изборот на Талат Џафери. Катица Јанева отвараше истраги и додека Никола Димитров беше во Атина слушајќи ги грчките црвени линии.
СЈО сега ќе активира нови обвиненија со цел дефокусирање на посетата на Заев во Софија која беше дочекана со огромна критика и вознемиреност од страна на граѓаните.
Имено граѓаните остро реагираа на антимакедонските ставови кои Зоран Заев ги изнесе во текот на средбата со својот колега Бојко Борисов. Правилото вели колку поголема грешка прават Заев и СДСМ, толку поспектакуларна прес конференција одржува тимот на Јанева. Ако се суди по ова правило тогаш јавноста очекува до крајот на оваа недела или најдоцна на почетокот на следната, СЈО да излезе со досега невидена прес конференција што ќе опфати можеби најголем број осомничени функционери од ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев пред изборите и самиот најави дека тој лично влијае врз интензитетот на јавни појавувања на обвинителките од СЈО.
-Јас се борев заедно со вас за ова специјално обвинителство. Тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже и притвори. Е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите, кажа Заев на партиски митинг во Капиштец.
Дополнително Зоран Заев своите политики кои се скандалозни и штетни по македонските национални и државни интереси планира да ги дефокусира и со активности на својата пратеничка група во Собранието. Во таа насока доброинформирани извори трвдат дека ќе се поднесат два закони кои треба да ја покријат темата посета на Зоран Заев во Софија и што тоа е договорено во правец на добрососедство со Бугариjа.Веќе видена тактика на СДСМ е да се повика на помош од СЈО, да се нарачаат и конструираат истраги и обвиненија за да ја дефокусираат јавноста со но

Пронајдете не на следниве мрежи: