СКАНДАЛ: Бил и Хилари Клинтон примиле 100 милиони долари од Блискоисточните држави

Откако FBI открива детали од истрагата, понатаму истрагата на Daily Caller покажува дека Бил и Хилари Клинтон примиле најмалку 100 милиони долари од автократските држави од Персискиот Залив и нивните лидери, и со тоа го поткопале тврдењето на кандидатот за претседател на Демократите, Хилари Клинтон, дека нејзината политика кон Блискиот Исток е независна.Аналитичарот за национална безбедност Патрик Пул, тврди: „Овие режими си купуваат пристап. Тука се Саудијците, Кувајќаните, Оман, Катар и ОАЕ, и тоа е масовен судир на интереси.“
Се на се, откриено е дека Фондацијата Клинтон примила над 85 милиони долари во донации од 5 држави од Персијскиот Залив и нивните монарси, според вебсајтот на агенцијата Daily Caller.
Овие држави имаат извршено бројни злосторства на човечките права. Со години се обвинувани за експлоатирање на работната сила, и на жената, која нема никакви права. Наспроти ова, во својата кампања Хилари Клинтон се претставува како силен поддржувач на жените и на работниците.
Нејасно е какви ветувања Клинтонови им дале на монарсите за возврат на финансиската поддршка, но минатиот месец кандидатката ја повлече својата долгогодишна поддршка за вадењето на природен гас. Новата позиција на Хилари, што таа ја откри во неодамнешната дебата против кандидатот Сандерс за CNN, ја стави нејзината политика во иста позиција со онаа на државите од Заливот, која се спротиставува на северноамериканското вадење на нафта и гас.
ФБИ наводно извршиле и втора истрага на приватниот сервер на електронски пораки на Клинтон под сомнение дека таа нудела владини услуги на донаторите од фондацијата.
Она што ја става Хилари во најзагрижувачка положба е петгодишното бизнис партнерство на нејзиниот сопруг Бил со шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, авторитарниот владетел на Дубаи, како и неговото пријателство со владетелите на ОАР. Во тој период, според досиејата, Бил Клинтон земал 15 милиони долари во „загарантирани исплати“.

Хилари имала бројни иницијативи што биле топло прифатени од ОАР. Во септември 2012 год., таа била домаќин на конференција на Стејт Департментот на кој учествувале извршни директори од 90 Американски компании, и на која учествувале 8-те најголеми лидери на ОАР.
Таа жестоко го промовираше и проектот „Трет Глобален Самит за Претприемаштво со земјите од Блискиот Исток“, што се одржа во ОАР.
Клинтонската Фондација ги толерираше и Исламистичките екстремисти во Блискиот Исток. Египетскиот суд го осуди на доживотен затвор поранешниот најдобар вработен во Фондацијата Клинтон, Гехед ел-Хадад, за „поттикнување на насилство и поддржување на исламистички протести против уривањето на поранешниот Египетски претседател Мухамед Морси. Ел-Хадад беше претседател на фондацијата во Египет од 2007 до 2012 год.
Сигурно е дека арапските лидери не ги даваат своите пари заради цврсто верување во либералните политики на демократската кандидатка за претседател на САД.
Исто така, сигурно е дека Хилари ќе има тешка задача да ги објасни тајните материјали на нејзиниот приватен сервер пред јавноста.Аналитичарот за национална безбедност Патрик Пул, тврди: „Овие режими си купуваат пристап. Тука се Саудијците, Кувајќаните, Оман, Катар и ОАЕ

Пронајдете не на следниве мрежи: