Неодамна објавените дневници на летот „Боинг 727“, кој беше сопственост на американскиот бизнисмен Џефри Епстејн, осуден за педофилија и подведување малолетнички , покажуваат дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон бил чест гостин на летот, кој медиумите често го викаа „Лолита експрес“.Во првичниот извештај објавен во јануари се тврдеше дека Клинтон бил 11 пати во озлогласениот „Боинг 727“, но новите податоци на Фокс њуз покажуваат дека Клинтон летал дури 26 пати во периодот кога Хилари ја извршувала должноста државен секретар, од 2001 до 2003 г.
Наводно „Боинг 727“ имал кревети во кои патниците имале групен секс со девојчиња, кои некогаш немале ни 12 години, а патниците во дневникот биле впишувани најлесто со иницијали.
Џефри Епстејн е американски бизнисмен кој во 2008 година беше осуден за педофилија и за подведување малолетничики и беше осуден на 13 месеци затвор, затоа што се нагоди со Обвинителството да не ги гони помагачите.
Агентите на ФБИ почнале да го истражуваат во 2006 година, кога се појавиле првите индиции дека му се подведуваат млади девојчиња кои се принудувани да му бидат сексуални робинки. ФБИ идентификувало 40 злоупотребени жени.
Лани беше откриено дека Епстејн префрлил 3,5 милиони долари од тајните швајцарски сметки на фондацијата на Хилари Клинтон во исто време кога ФБИ отвори истрага против него.Во првичниот извештај објавен во јануари се тврдеше дека Клинтон бил 11 пати во озлогласениот „Боинг 727“, но новите податоци на Фокс њ



