Фирмите на кланот Заеви извезувале отровни краставици во Хрватска.Последната пратка од скоро 30 тона токсични корнишони кои беа запрени на хрватската граница ги произвела фирмата ЕКО Оранжерии Анска река, а ги извезува компанијата ТРГОПРОДУКТ од струмичко Дабиле.
Ова се изводите од централниот регистар и на двете компании. Она што може да се забележи е дека и Анска река и Тргопродукт се фирми кои се директно поврзани со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Фирмата ЕКО Оранежрии е во сопственост на првиот братучед на лидерот на СДСМ, Трајче Заев. Тој е основач на оваа компанија а во моментов и сопственик на половина од неа.
Оваа компанија според извори на Press24 ги произвела токсичните корнишони. Зошто не се внимавало на безбедноста на храната која Македонија ја извезува во Европската Унија и како се случило отровни краставици да се пласираат на хрватскиот пазар, од Анска Река за Press24 не сакаа да одговорат. Од таму велат дека не смеат да зборуваат ништо и не сакаа ниту да потврдат ниту да ја демантираат информацијата дека токму тие произвеле 30 тони отровни корнишони.
Нив на хрватскиот пазар требала да ги извезе друга фирма од кланот Заеви. Станува збор за субјектот Тргопродукт кој е сопственост на Убавка Заева, стрина на лидерот на СДСМ и нејзината ќерка, Катерина Бојовиќ Заева.
Со оваа компанија која на македонскиот пазар го продава најскапиот ајвар, не можеше да се стапи во контакт, бидејќи телефонските броеви едноставно не работеа.
Ова нов мега скандал во кој се вплетени фирмите од кланот Заеви. Претходно, истите луѓе преку други компании беа дел од скандалот со семејните тендери на лидерот на СДСМ.
Извор: Press24.mkПоследната пратка од скоро 30 тона токсични корнишони кои беа запрени на хрватската граница ги произвела фирмата ЕКО О
Пронајдете не на следниве мрежи: