Скандал на Златна Бубамара – Калиопи го прекина настапот!

Изреволтирана поради технички проблеми за време на нејзиниот настап, поп-дивата Калиопи ги искара организаторите, бидејќи не го добила соодветниот сценски третман. 
„Стоп, стоп… мислам дека по толку децении кариера заслужив да пеам во убави услови, барем мониторите наместете ги како што требаа“, револтирано рече Калиопи откако налутено го прекина настапот и изведбата на “Црно и бело” на 16 Златна бубамара на популарноста.
По кусото натегање Калиопи се врати на почетокот и го отпеа до крај евровизискиот хит. Ваквиот нејзин гест не остана небоцнат, па освен дежурниот шегаџија Сашко Коцев, кој години наназад е домаќин на манифестацијата, Калиопи ја чепна и Игор Џамбазов. Повторувајќи ја нејзината реакција се обиде да и даде на знаење дека не треба да се лути, оти технички проблеми секогаш се случуваат.
Калиопи во својата кариера немала ниту еден ваков скандал и никогаш барем јавно не реагирала толку бурно.
Што се однесува до признанијата, тие и овојпат отидоа кај оние кои според академијатаа на Бубамара заслужиле. Така, меѓу наградените се најдоа Нина Деан – најдобра актерка, Драган Спасов-Дац, најдобар актер, хумористична емисија Зевзекманијаа, К-15, Чудесната земјаа на Владо Јовановски, раперите Скипи и Тајзи, кои се откритие за 2012, Калиопи за пејачка годината, Металург – спортски тим на годината и многу други.
Признанието за животно дело отиде во рацете на Виолета Томовска, а постхумно награда доби и актерот Владимир Ангеловски – Дади. Меѓу наградените беше и Киро Урдин. За музичкиот дел, пак, се погрижија Пеперминт, Скипи и Тајзи, Викторија Лоба, Калиопи, Игор Џамбазов, Тончи Хуљиќ, Кирил Поп Христов, Фрајле, четирите девојките кои со своите неверојатни вокални способности успеаја да ги однесат присутните во Универзалната сала од Германија, преку Русија, се до Франција со изведбата на Заз…
Во четиричасовното шоу во шегите на Коцев немаше поштедени, а актерот покрај ендемските кампањи за подобар туризам на јавноста и го претстави и ендемскиот политичар со силен граден кош, кој се одзива на овчо мекање и илјадарки, а спаѓа во групата на безрбетници.
Се на се и оваа Бубамара помина во знакот на предвидливите награди, но со доста уникатен хумор и еден скандал, а во исчекување на 17-та ни останува да се надеваме дека повторно ќе добијат дозвола од владата, ќе бидат прифатени од опозицијата, а се за мерак на народот!
Извор. ВечерИзреволтирана поради технички проблеми за време на нејзиниот настап, поп-дивата Калиопи ги искара организаторите, биде

Пронајдете не на следниве мрежи: