Скандал: Претепан тренерот на Динамо

Двајца маскирани напаѓачи, синоќа брутално го претепаа тренерот на фудбалскиот клуб Динамо Марио Цвитановиќ додека влегувал во својата зграда.Двајца маскирани напаѓачи, синоќа брутално го претепаа тренерот на фудбалскиот клуб Динамо Марио Цвитановиќ додека влегувал во својата зграда. Тој потоа повикал полиција и побарал лекарска помош, при што е утврдено дека се здобил со фрактура на подлактицата.
Овој напад е само еден во низата напади кои се случуваат во Хрватска во последно време, а според загрепските медиуми веројатно станува збор за предупредување.
Цвитановиќ изјави дека мотивот за нападот му е непознат, но верува дека станува збор за некој вид предупредување, бидејќи цел на таквите напади обично е да се предупреди жртвата на некого или нешто.
Повеќе такви напади се случија во Хрватска во последно време. Неодамна, во два наврати беше нападнат советникот на Динамо Здравко Мамиќ, од кои едниот е оквалификуван како обид за убиство. Мамиќ прво беше нападнат на Бол на Брач, каде беше удрен во глава по што падна во морето. Околу месец и половина подоцна, засега непознати лица на Мамиќ му пукаа во нога, а потоа побегнаа.
 Двајца маскирани напаѓачи, синоќа брутално го претепаа тренерот на фудбалскиот клуб Динамо Марио Цвитановиќ додека влегувал во својата зграда. Тој

Пронајдете не на следниве мрежи: