СКАНДАЛ: Сопственик на дискотека во Будва сакал да пука во Јелена Карлеуша!

Понекогаш и големите ѕвезди може да доживеат непријатности за време на своите концерти, а пример за тоа е синоќешниот настан во туристичкото место Будва во Црна Гора. Еден од сопствениците на познатата дискотека во Будва, „Трокадеро“ сакал да пука во Јелена Карлеуша која вечерта имала настап во дискотеката пред илјадници фанови. 
Се започнало кога Карлеуша ја изведувала песната „Крими рад“, па додека толпата пеела и танцувала заедно со неа, еден маж држејќи пиштол во раката се качил на сцената и го вперил пиштолот кон Јелена, при што подоцна се воспоставило дека станува збор за еден од сопствениците на дискотеката. 
Обезбедувањето веднаш се нареди пред Јелена како жив штит, а некои од нив го запреа напаѓачот при што пиштолот му бил одземен.  
За време на брзата акција на обезбедувањето, пејачката преку толпата беше изнесена од дискотеката кон нејзиниот автомобил, а со голема придружба била однесена до хотелот во кој престојувала. 
Сеуште е непознато зошто еден од сопствениците на „Трокадеро“ и вперил пиштол на Јелена Карлеуша и дали имал намера само да ја заплаши или да ја убие. Еден од сопствениците на познатата дискотека во Будва, „Трокадеро“ сакал да пука во Јелена Карлеуша која вечерта имала настап во дискот

Пронајдете не на следниве мрежи: