СКАНДАЛ: Стив Аоки не го откажа настапот поради времето, туку поради лошото озвучување!

Голем скандал во општина Центар, причината што мега ди-џејот Стив Аоки не настапил не се лошите временски услови, туку лошото озвучување кое било наместено за настапот.Градоначалникот Жерновски претходно на 19.05.2016 распишал тендер за јавниот настап на ди-џејот Стив Аоки, тендер чија процедура била обжалена и поништена од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Веднаш потоа Андреј Жерновски на ден 02.06.2016, еден ден пред настанот кој се одржува на 03.06.2016,  побарал од Советот за јавни набавки одобрение да договори озвучување во постапка со преговарање без објавен оглас, во висина од 900.000 денари без ДДВ или целосна сума од 1.062.000 денари. Поради низа недоследности Советот за јавни набавки не го одобрил барањето.
Општина Центар во обид да ја организира својата црвено-бела ноќ, со парите од граѓаните, одлучи да настапи мега ѕвездата и еден од топ 10 најпознати ди-џеи во светот Стив Аоки. Се ќе беше идеално за сите љубители на електро и хаус музиката доколку диџејот Стив Аоки настапеше на црвено-белата ноќ. Градоначалникот Жерновски постави слика на социјалните мрежи со диџејот Аоки објаснувајќи дека чекаат да преврне дождот. Но причината сепак беше лошото озвучување, каде што луѓе вклучени во постапката на организација коментираат дека мега ѕвездата Стив Аоки видно нервозна за скандалот и измамата кои му ја приредиле од Жерновски и општина Центар одлучил да не настапи и си заминал.
Андреј Жерновски и општина Центар исто така во обид на изговор зошто Аоки нема да настапи на црвено-белата ноќ во 23 часот откако прекина дождот истакнаа дека не сакале да им го нарушуваат мирот на жителите на Центар бидејќи било доцна.
Граѓаните, но и сите посетители кои дојдоа да го проследат настапот на Стив Аоки беа разочарани поради измамата која им ја приреди општина Центар. Голем број коментари и подбивања можеа да се сретнат низ социјалните мрежи, но уште позагрижувачко е што Жерновски не им ја обзнани вистинската причина поради која не настапи ди-џејот.
Дали Жерновски непромислено потроши огромна сума пари на граѓаните кои отидоа фрлени во вода?Градоначалникот Жерновски претходно на 19.05.2016 распишал тендер за јавниот настап на ди-џејот Стив Аоки, тендер чија процедура била обж

Пронајдете не на следниве мрежи: