Скандал во авионот на турската репрезентација по мечот со Македонија: Ѕвездата на Барселона нападна новинар

Дали ја направив правата работа? Не знам. Дали ги добив одговорите на моите прашања? НЕ!, се огласи после инцидентот Арда.Нов голем скандал во репрезентацијата на Турција, ѕвездата на Барселона тепаше новинар во авионот после враќањето од натпреварот против Македонија.
Според неколку турски медиуми, Арда почнал да го дави Билал Месеа, новинарот на Милијет, говорејќи му:
-Кој те пушти во авионот? Дали беше со нас на Еуро 2016? Кој ти нареди да пишуваш за парите? Дали се и тие во овој авион? Кој ти го кажа тоа?
-Јас не сум како останатите. Ќе престанам да играм фудбал ако треба, но нема да дозволам да се збори за моето семејство! Ти работиш за весникот на Јилдирим Демирорен(претседателот на фудбалскиот сојуз на Турција)
Откако држејќи го за вратот се ова го изговорил, Туран пробал и да го удри Месеа, но бил спречен.
Набрзо Арда се на Инстаграм.
-Не го пишувам ова за да се бранам, туку за да ги информирам луѓето. Кажав дека никогаш во животот нема да заборавам што се случуваше на Еуро 2016. И тогаш го видов еден од тие што пишуваше лаги за мене.
-Тоа го нарекуваат новинарство. Дали ја направив правата работа? Не знам. Но направив чесна работа. И секогаш ќе ја бранат својата честа и на своето семејство, а не да говорам позади грб. Дали ги добив одговорите на моите прашања? НЕ!
На тоа Европско медиумите пишуваа дека Арда Туран и уште некои играчи барале премии, а по тоа натпреварување, селекторот Фатих Терим не ги повика на стартот на квалификациите Туран, Бурак Јилмаз, Гекхан Гонул, Селчук Инан, Чанер Еркин и Хакан Балта.Нов голем скандал во репрезентацијата на Турција, ѕвездата на Барселона тепаше новинар во авионот после враќањето од натпреварот против Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: